Вечерва молитвите се најблиску до небото, а треба да направите нешто што ќе ве заштити за цела година – тајната моќ на ноќта и зората на Иванден
Овој празник е еден од најзначајните летни празници, длабоко вкоренет во народните верувања, обичаи и симболика поврзана со природата, водата и огнот.

Секоја година на 7 јули, православните верници го одбележуваат Иванден, денот на раѓањето на свети Јован Крстител. Овој празник е еден од најзначајните летни празници, длабоко вкоренет во народните верувања, обичаи и симболика поврзана со природата, водата и огнот.
Мистичната ноќ пред Иванден
Ноќта пред Иванден се смета за магична. Според народното предание, токму тогаш небото се „отвора“, а водата добива лековита моќ. Во некои села сè уште постои обичај да се капе во река или езеро рано наутро, со верување дека водата ќе ги исчисти телото и душата, ќе донесе здравје и заштита од болести.
Вечерта пак, пред Иванден молитвите најслесно се слушаат и најбрзо допираат до небесата, затоа изговорете ја вашата најскриена и најдлабока желба преку молитва. Во зори пак, наберете ја билката (или купете ја рано изутрина) што ќе ве заштити во текот на целата година.
Во различни краишта, обичаите за Иванден варираат, но неколку се најзастапени:
Палење иванденски огнови – Во вечерните часови се палат огнови околу кои се собираат луѓе, се пее, се игра и се преминува преку пламенот. Овој ритуал се практикува како симбол на прочистување и заштита од злото.
Плетење венчиња од билки – Девојчињата и жените плетат венчиња од лековити билки како рузмарин, мајчина душица, кантарион, лаванда и нане. Тие се носат на глава или се ставаат на вратата од домот за среќа и заштита.
Излети во природа – Верниците често заминуваат на излети покрај реки, езера или на височини. Таму се одржуваат молитви, пеења и дружења. Се верува дека престојот во природа токму на Иванден носи сила и нова животна енергија.
Симболиката на билките
Секоја билка во венчињата има своја порака и цел:
Рузмарин – симбол на љубов и верност, се користи и како заштита од негативна енергија.
Мајчина душица – се поврзува со долговечност, среќа и здравје.
Кантарион – познат по својот антисептичен ефект, се користи за заштита од „лоши сили“.
Лаванда – носи смиреност, хармонија и се смета за билка што ја прочистува аурата.
Ден за духовна врска и семејна блискост
Иванден не е само празник на огнот и билките, тој е и потсетник за духовната поврзаност со природата и предците. Во народната традиција, се верува дека овој ден е погоден за претскажување на иднината, за љубовни симболи и за собирање на билки што ќе се користат во текот на целата година.
Во модерното време, дел од обичаите се изгубени, но желбата да се задржи врската со корените останува жива. Секој што го празнува Иванден го прави тоа со мисла за чистота, нов почеток и заштита – вредности што никогаш не губат значење.