Вечерва ќе дознаете дали сте со вистинската љубов и кој е вистинскиот за вас – ставете го ова под перница и света Февронија ќе ви одговори
Таа не прифати да стане невеста на царев слуга, затоа стана невеста на Христос - и сè уште ги штити девојките од несреќни љубови.

Света Февронија, заштитничка на девојки, девственици, монахињи и жени кои страдаат од неправда, се родила околу 290 година како ќерка на римскиот сенатор Просфор. Уште многу млада, одбила принуден брак и му се посветила на Христа, замонашувајќи се во манастир во Сирија, каде што игуменија ѝ била нејзината тетка Вриена.

Била исклучително убава, но уште повеќе мудра, кротка и трпелива. Во нејзиниот манастир секој петок бил посветен на молчење, молитва и читање свети книги – и токму Февронија ги читала, скриена зад завеса, за нејзината убавина да не ги расејува другите.
Кога идолопоклоникот Селин, пратеник на Диоклецијан, дознал за неа, наредил да ја мачат за да се откаже од Христа. Претрпела страшни маки, ѝ ги откорнале забите, ѝ ги отсекле градите, рацете, нозете, а потоа ја обезглавиле. Имала само 20 години. Но истиот ден, мачителот полудел и умрел. Сотникот Лисимах, кој тајно ја почитувал, се крстил, заедно со многумина.
Упокоена е во 310 година, а моштите ѝ биле пренесени во Цариград во 363 година. Нејзините мошти излекувале бројни болни, а неа често ја гледале сестрите како духовно присуство на нејзиното место во манастирската трпезарија.

Вечерва пред празникот на света Февронија, девојките што се надеваат на вистинска љубов можат да направат древен тивок ритуал со ароматични билки.
Земете гранче босилек и ставете го под перницата пред спиење, шепнувајќи ја својата желба – за среќна љубов, за добар сопатник, за заштита од разочарувања. Утредента, според верувањето, ќе добиете знак – преку сон или чувство – за тоа што ве очекува во љубовта.

Вечерта пред празникот (25 јуни според стар, 8 јули според нов календар), се вели дека Февронија слуша женски молитви. Затоа, пред спиење, девојките ставаат од дамнина гранче босилек или нане под перница, верувајќи дека таа ќе им донесе добар сопатник.