Наши ѕвезди

Вечерва е големото финале, за кого ќе гласате? ВИЕ ОДЛУЧУВАТЕ кој ќе биде избран за победник

Има ли Македонија шанси да победи во финалето?

Advertisement

Вечерва е големото финале во кое 20 натпреварувачи ќе се борат да го освојат првото место во „Ѕвездите на Гранд“.

Нашиот портал и оваа година ќе ги следи сите случувања околу најгледаното музичко талент-шоу во регионот, во кое од Македонија оваа сезона се натпреварува само еден кандидат, Никола Станишиќ.

Advertisement

Порталот „Гранд.онлајн“ објави дека поминала и генералната проба за вечер. Така што се е спремно за големото финале.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Што се однесува до изборот на победникот и оваа година како и претходните ќе биде избран само преку СМС гласови.

Advertisement

Од досегашните искуства, а како што и самиот Саша Поповиќ во една пригода изјави, додека Србија „спие“ во финалето, Македонците, Босанците и Црногорците гласаат лудачки за своите кандидати.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Па така откако натпреварот е со регионален карактер, досега само еднаш победил натпреварувач од Србија.

Тоа беше во 2017 година, кога победи Алекса Перовиќ, па големи се шансите и оваа година да победи некој од нивното соседство.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И токму затоа Никола Станишиќ има големи шанси, посебно што само тој се натпреварува од Македонија.

Инстаграм/ Никола Станишиќ

Но сега сé останува во рацете на нашите гледачи…

Инаку, Никола самиот неколку пати се огласи деновиве и појасни дека гласовите што веќе ги доби претходната сабота, кога финалето беше откажано, ќе се бројат и во вечерашната емисија, а оние што веќе гласале, повторно ќе можат да гласаат за истиот кандидат од ист број до 20 пати (повеќе за ова тука).

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И ова важи за секој следен круг, односно по секој пресек од еден ист телфонски број ќе може повторно да се испратат до 20 гласови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Никола кој е во тимот на Цеца во првиот круг настапи со ансамбл, а сите ги воодушеви со македонските песни.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Овој пат Цеца ќе биде присутна

Голема предност овој пат ќе биде и тоа што Цеца најави дека сепак ќе биде присутна на големото финале.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Таа претходната сабота не можеше да ги поддржува своите кандидати затоа што имаше закажано голем концерт во Ниш.

Што откри Цеца во врска со ова, дознајте тука.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како да гласате

Гласањето се прави така што се внесува редниот број на натпреварувачот од 1 до 20 на бројот на земјата од каде гласате.

Напомена, од еден ист телефонски број може да гласате максимално 20 пати за еден кандидат, гласањето започнува на знак на водителките Ана Севиќ и Воја Недељковиќ во текот на емисијата.

Победникот на осумнаесеттата сезона ќе добие песна, комплетен маркетинг како и специјална награда – статуа со името на основачот на Гранд продукција, Саша Поповиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button