Вечерта пред Спасовден небото се отвора за желби – само ова нешто не смеете да го направите!
Старите говореле дека на полноќ пред Спасовден небото се отвора — и ако тогаш посакате нешто искрено, желбата ќе ви се исполни. Мнозина останувале будни до доцна, гледајќи во небото со надеж и молитва.

Спасовден, кој се празнува четириесет дена по Велигден, има особено значење во македонската традиција. Се одбележува како денот на Христовото Вознесение и е обвиен со бројни верувања и обичаи, особено во пресрет на самиот празник.

Вечерта пред Спасовден се смета за света – луѓето верувале дека токму тогаш небото се отвора и молитвите од срце стигнуваат до Бога. Затоа, се придржувале до строги правила.
Домот мора да биде чист и уреден. Жените ги миеле праговите, печеле колачи и ја ределе трпезата за утрешниот ден.
Домаќинот палел свеќа пред икона и се молел за здравје, берикет и благослов за семејството и нивата. Посебни молитви биле упатени за заштита од болести и непогоди.
Но едно правило било најважно:
Ништо не смее да се изнесе од куќата!
Ниту леб, ниту сол, ниту капка вода — за да не излезе благословот од домот. Сè што требало да се даде некому, се правело претходно.

Исто така, не смее да се расправа, да се пцуе или да се зборуваат лоши зборови. Се верува дека каков ќе ти биде Спасовден — таква ќе ти биде и целата година. Затоа луѓето се воздржувале, правеле добри дела и се стремеле кон мир.
Жените подготвувале најубава облека за утрешната литија и за црковна служба, а на децата им се шиеле нови кошули или марами.
Старите говореле дека на полноќ пред Спасовден небото се отвора — и ако тогаш посакате нешто искрено, желбата ќе ви се исполни. Мнозина останувале будни до доцна, гледајќи во небото со надеж и молитва.
Затоа и денес, многу семејства ги почитуваат овие обичаи – верувајќи дека Спасовден носи мир, здравје и божји благослов.