Секој нов ден е нов благослов. Затоа, треба да го живееме со полни гради и да бидеме благодарни дека имаме кров над главата и луѓе кои не’ сакаат. На крајот од секој ден треба да му се заблагодариме на Бог за сето она богатство што ни го дава, и да го замолиме за утрешниот ден да биде полн со благослови, а и да ни дарува сила и храброст за да продолжиме понатаму. За поспокоен сон, да се помолиме на Бог што ни даде уште еден ден.
Ти благодарам, Боже, што ми даде уште еден ден. Во твоите раце сега го подавам својот дух. Тебе ти го подавам своето спиење и секој момент од ноќта која е пред мене. Те молам да бдееш над мене, да ме штитиш и чуваш додека спијам, за да можам да се одморам.
Твоите свети ангели нека бидат со мене и нека ме чуваат во мир, и твојот благослов нека биде над мене. Чувај не’, Господе, како зеница во окото, со своите раце закриј не’. Оче наш, ти се заблагодарувам за сите добрини кои ми ги подари и за новиот ден. Те молам благослови не’ и во утрешниот ден и дај ни ја потребната сила.
Добра ноќ Исусе, добра ноќ Мајко, добра ноќ да имаат сите луѓе на овој свет.
Амин