Време е за нашите викенд лудории
Преку викенд сите посакуваме малку гламур и добра забава по напорната работна недела која најчесто ја минуваме во деловни класични парчиња и бројни обврски. Сакаме малку да олабавиме, преку ден опуштено да се дружиме со најблиските и пријателите, а навечер да си поминеме одлично, лудо и незаборавно. Па доколку овој или следниот викенд имате намера да скокнете на некој концерт или да испиете неколку пијачки со другарките во вашиот омилен бар, спојот на парчињата што ги носите и преку неделата со неколку елегантни модели или модни додатоци ќе создадете совршен аутфит за лежерни вечерни изданија во кои не само што ќе изгледате убаво, туку и ќе се чувствувате одлично. Па така на пример не заборавајте дека во преодниот период клучен елемент во вашите party комбинации може да бидат чизмите до глужд. Покрај еден пар добри чизми во овој период годината секоја комбинација може да изгледа добро ако врз неа префрлите и еден блејзер. Едноставно тие додаваат сериозен, но и шик моден призвук на секоја комбинација, а можете да ги носите во речиси сите изданија – од оние со фустани, се до фармерки и здолништа. А кога веќе сме кај нашите омилени фармерки (најдобрите фустани за вечерни излегувања можете да ги видите тука) во преодниот период доволно е да ги комбинирате со обична маица и кожена јакна и ќе добиете супер лежерно викенд издание.