Вдовицата на Саша Поповиќ за гробното место платила неверојатна сума – цифрата ги изненади сите
Вечното почивалиште на Поповиќ се наоѓа близу до гробот на мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша...

Како што пренесува „Курир.рс“, вдовицата на Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, два дена пред неговата смрт го купила неговото гробно место.
Станува збор за гробница која се наоѓа недалеку од Црквата Свети апостол Тома, на Бежаниските гробишта, во првиот ред од парцелата, за која издвоила поприлично голема сума на пари, пишува „Курир“.
Наводно на ова место цените за гробно место се поприлично скапи, па така Сузана за вечното почивалиште на Саша платила 15.000 евра.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Со оваа уплата, Сузана го откупила ова место во следните 50 години, а оние места што се малку подалеку, чинат поевтино.
Инаку, во непосредна близина на гробот на Поповиќ се наоѓа и местото на кое почива мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша.
Инстаграм
И како што самата Јелена откри по погребот на Поповиќ, таа била изненадена кога видела каде ќе биде закопан Поповиќ.
Инстаграм
Токму затоа и седнала на гробот на својата мајка додека траело опелото, дистанцирајќи се од останатите.
Повеќе за тоа што и кажал Поповиќ на Карлеуша на нивната последна средба и зошто од неа побарал да не присуствува на погребот на нивниот заеднички пријател и колега, прочитајте тука.