Важни работи кои мора да ги знаете за надградбата на коса
Надградбата на косата за само неколку минути го исполнува сонот на многу жени.
Надградбата на косата за само неколку минути го исполнува сонот на многу жени. Така, за кратко време кратката коса станува долга, а ретката коса станува густа… Сепак, како што ви е познато, некогаш најдобрите намери се претвораат во целосна спротивност, па наместо да добиете сјајна и бујна коса, вие не личите на самите себе.
Затоа, многу е важно добро да размислите и да се информирате за сите можни последици, а најважно е да го пронајдете и вистинскиот фризер. Погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви бидат од голема корист во процесот на вашето разубавување.
Не купувајте коса од пазар
Кај надградбата на коса, правилото број еден гласи: КОСАТА МОРА ДА БИДЕ ПРИРОДНА! Затоа, не е во ред да купувате коса од пазар.
Ако косата не е природна, тогаш вашата коса во секој случај е подобра опција.Затоа, внимавајте кој фризер ќе го изберете и заедно пронајдете што е она што вам најмногу ви одговара.
Прво направете тест, а потоа донесете одлука
Ставањето туѓа коса на главата е процес за кој добро треба да се припремите. Вашиот фризер треба да утврди колку влакна имате на вашата коса, дали ви е густа или ретка, какви се карактеристиките на косата, какво е вашето влакно…
Постојат правила за тоа кој прамен каде треба да стои, а тоа воопшто не е едноставно, па внимавајте да се препуштите во сигурни и искусни раце.
Надградбата може да се фарба
Косата и надградбата се третираат исто. Така, надградбата може да се фарба, да се стриже и други работи кои ги практикувате со вашето сопствено влакно.
Ако сте педантни, косата може да ви трае и до 12 месеци. Освен тоа, можете еднаш годишно да ја обновувате, во согласност со трендовите.