Наши ѕвезди

Важи за една од најубавите на нашата естрада – и по две бремености има тело од милион долари (фото)

Многумина се согласуваат дека никогаш не изгледала поубаво

Advertisement

Во преден план беше нејзиното испотено тело, но и лицето без шминка

Пејачката Јуле Николовска е дама која привлекува внимание и со својот изглед како на сцената, така и во своето секојдневие.

Advertisement

Нејзините објави на Инстаграм често привлекуваат внимание, а таа секогаш зрачи со својот шарм и самодоверба.

Инстаграм/ Јуле Николовска

И бидејќи во последно време телото го има донесено до совршенство, Јуле нема проблем да се покаже во било какво издание, па дури и без грам шминка на лицето, испотена и поприлично задишана.

Advertisement

Имено, најновата објава на Јуле покажува како таа вежба во утринските часови, пред да започне со останатите обврски.

Инстаграм/ Јуле Николовска

Облечена во хеланки и спортска маичка таа изгледаше поприлично занесно, посебно што во преден план го истакна своето вито тело, но и „деколтето“ со кое никого не остави рамнодушен.

Инстаграм/ Јуле Николовска

Инаку, објавите на Јуле на социјалните мрежи често привлекуваат внимание, а деновиве е актуелна и со својата нова песна.

Инстаграм/ Јуле Николовска

Таа на Макфест се престави со пената „Мој си грев“, а вчера излезе и спотот за песната кој може да го видите на крајот од текстот.

Потсетуваме, Јуле повеќе од 20 години е присутна на нашата музичка сцена, а зад неа се бројни авторски песни и фестивали како од забавната, така и од народната фолк музика.

Инстаграм/ Јуле Николовска

Таа е пејачка која одлично се снаоѓа и во поп и во фолк музиката, а како што самата откри во една пригода, талентот го наследила од нејзината баба , но и од татко и кој е хармоникаш.

Со микрофонот другарува од своја деветгодишна возраст, а како изгледа во своето најново издание во кое пее за својот најголем грев во животот, погледнете од видеото во продолжение:

Инстаграм/ Јуле Николовска

Потсетуваме, Јуле е мајка на две деца – ќерката Калина и синот Никола. Таа ќерката ја роди на 20 годишна возраст, а по втор пат во улога на мајка се оствари во 2018 година.

Втората бременост се случи 15 години по раѓањето на ќерката, а музичар е и нејзиниот сопруг со кого имаат складен брак.

Како Јуле изгледа и кога е со своите најблиски, погледнете тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button