Денес ви прикажуваме три стилови на шминкање, за русокоси, бринети и црвенокоси, а секој од нив се постигнува брзо и лесно.
Денес ви прикажуваме три стилови на шминкање, за русокоси, бринети и црвенокоси, а секој од нив се постигнува брзо и лесно.
Бринети
На бринетите им прилега бронзена сенка. Така, „заокружете“ го целото око со бронзена сенка, сѐ до долниот раб на веѓите. Внимавајте сенката да биде рамномерно распоредена. Исто така за свеж изглед и нагласување на јаболкниците, можете да нанесете од истата сенка која сте ја ставиле на очите, на четката за руменило, па добро да растриете со неа. Исто така оваа сенка одлично ќе ви прилега и наместо кармин. Така, најпрво нанесете балсам, а потоа со врвовите на прстите ставете малку од истата сенка која ја користевте за образите и очите.
Русокоси
Нанесете светло кафеава сенка на горниот капак. Размачкајте ја така што бојата кон веѓите ќе станува побледа. Потоа нанесете неколку слоеви маскара на горните трепки, а изоставете ги долните. Потоа ставете кармин и спремни сте.
Црвенокоси
Најпрво со кратки потези нацртајте линија преку веѓите, а потоа исчеткајте за линијата да не биде видлива. Исцртајте ги усните со моливче, почнувајќи од краевите кон средината.
Потоа нанесете кармин.