Вазелинот може да ви помогне да изгледате поатрактивно – погледнете како!
Вклучете го вазелинот во вашата стандардна бјути рутина.
Вклучете го вазелинот во вашата стандардна бјути рутина. Прочитајте за што можете да го употребувате овој производ кој сите го имаме во нашите козметички чанти.
1. Трепки
Секоја вечер пред спиење намачкајте ги вашите трепки со вазелин, за да ги зајакнете, но и да ја отстраните маскарата и другата шминка од очите. За тоа ви е доволна мала количина.
2. Нокти
Нанесете вазелин и на своите нокти со цел да ги хидрирате и кожата околу нив да ја направите мека и мазна.
3. Усни
Немате при рака балсам за усни? Нема проблем, затоа што вазелинот ќе ви биде од огромна помош. Посебно имајте го на ум во студените месеци.
Блуринг: техника на шминкање која ќе ви го промени животот >>
4. Помеки стапала
За да имате бебешки меки стапала, нанесете поголема количина вазелин на нив, ставете си топли и меки чорапи и оставете ги така цела ноќ.
5. Брчки
Нанесете мала количина вазелин на подрачјето околу очите за да ја спречите појавата на брчки.
6. Сува кожа
Без оглед на тоа колку години имате, колената и лактовите секогаш се сушат. Затоа, користете вазелин.
7. Испукани врвови
Ставете малку вазелин на испуканите врвови и ќе ве спасат до следното одење на фризер.
Како да го изберете вистинското руменило за вас >>