Василија сподели среќна вест, никогаш посреќна – ѝ пристигнуваат честитки, сите ги изненади
Еве со што ќе се занимава познатата пејачка

Василија се пофали на социјалните мрежи
Младата фолк-пејачка Василија Петрова покрај своите бројни настапи, успеа и да ги заврши своите студии во Бугарија.
Па така сега дојде денот и да се пофали дека дипломирала, па сподели неколку фотографии на кои носи униформа што ја носат студентите кога свечено ги добиваат своите дипломи на факултетот.
Инстаграм/ Василија Петрова
По оваа објава следуваа бројни честитки од фановите, кои оваа пејачка од Бугарија ги има во изобилство кај нас.
Потсетуваме, Василија студираше за тренер по пливање и професор по физичко воспитување, а неодамна во интервју откри дека планира наскоро да ги заврши студиите, што сега и се случи.
Инстаграм/ Василија Петрова
Таа често патува релација Бугарија-Македонија, но и низ целата наша земја каде што има настапи, а неодамна најави и турнеја во Австралија (повеќе за ова прочитајте тука), пред бројните наши иселениците што живеат во оваа далечна земја.
Инстаграм/ Василија Петрова
На прашањето како успева да го издржи ова брзо темпо на живот и да постигне се, Василија вели:
„Ако кажам дека е лесно, ќе излажам. Напорно е, ама јас сум млада, имам енергија, се правам од душа и срце и со голема желба и не чувствувам тежина“, сподели пејачката неодамна за Гламур, а потоа откри и од каде и е желбата да се запише на факултет за пливање.
Инстаграм/ Василија Петрова
„Многу ги сакам децата, се разбираме одлично, а обожавам и да пливам и секако со многу желба и труд се е можно“, изјави таа.
Целото интервју со неа прочитајте го тука.