Василија Петрова со „Вардаре, Пирин кај ти е?“ ги крена Македонците од Швајцарија на нозе (фото)
Оваа пејачка им одржа лекција на многу наши уметници и им покажа како треба да се сака традицијата

Настап што сите ги воодушеви
Василија Петрова е родена во Бугарија, но за себе вели дека е Македонка и дека обожава да ги пее македонските песни.
Тоа можевме да го видиме и од нејзините бројни настапи како во нашата земја, така и во нашата дијаспора, а деновиве на социјалните мрежи вистински хит стана снимката токму од еден таков нејзин настап.
Принтскрин/ Јутуб
Станува збор за снимка на која се гледа како Василија пее позната македонска песна на собирот „Македонски ден во Швајцарија“.
Облечена во црно кусо здолниште, црвени штикли и интересна блуска со фолклорен вез таа ги веселеше гостите.
Фејсбук/ Струмица Лајв
Посебно внимание привлече со песната „Вардаре, Пирин кај ти е?“, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение.
Фејсбук/ Струмица Лајв
Станува збор за стара народна македонска песна посветена на Пиринскиот дел на Македонија, а се спомнува и Егејскиот.
Фејсбук/ Струмица Лајв
Потсетуваме, Василија неодамна заедно со Благоја Грујовски го освои второто место на „Фолк-фест Валандово“.
Фејсбук/ Струмица Лајв
Тие настапија со песната „Што си ветивме“, а овој дует беше проследен со овации од страна на публиката.
Фејсбук/ Струмица Лајв
Таа пред само неколку години во бугарските медиуми беше опишувана како „Чудо од дете на Пирин“, посебно кога во 2020 година на Пирин фолк во Сандански блесна во носија од Егејска Македонија стара 200 години. Но пет години подоцна, речиси истите овие медиуми во соседна Бугарија почнаа да ја клеветат и да фрлаат со „дрва и камења“ по неа што пее македонски песни и што често на своите настапи покажува како го „љуби“ и милува знамето со Сонцето од Кутлеш.
Повеќе за ова прочитајте тука…