Еве како Василија ги распамети нашите иселеници од Австралија – со песна цела сала крена на нозе
Сите на нозе, разиграни и весели, напиша Василија под една од своите објави на социјалните мрежи

Младата пејачка позираше во мошне интересно издание
Младата пејачка Василија Петрова задно со својот тим замина на турнеја во Австралија од каде редовно се огласува.
Таа сега сподели фотографија на која носи светкава креација, а многумина и порачаа дека блеска во ова свое издание.

Инстаграм/ Василија Петрова
Во преден план беше и нејзиното деколте, па под фотката следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Еден ден претходно сподели и една снимка од еден настап во Австралија, каде се гледа дека сите се разиграни и распеани.

Инстаграм/ Василија Петрова
Нивната турнеја започна во Волгонг, кога Василија пееше во полна сала со луѓе на кои и срцата им беа полни.

Инстаграм/ Василија Петрова
И во сите овие свои изданија, Василија зрачеше со својот шарм, а ги изненади сите и со дресот на тимот од Престон.
Ист таков дрес носе и нејзините колеги Жанко и убавата виолинистка Сања со кои пејачката е на турнеја.
Повеќе фотографии во продолжение:

Инстаграм/ Василија Петрова

Инстаграм/ Василија Петрова

Инстаграм/ Василија Петрова




