Ваква тројка нема ни во филм – Алачки со двајцата најпосакувани фолк-пејачи, ќе се изненадите
Сите тројца изгледаат мошне ефектно, ама Алачки со своето модно издание го украде шоуто

Познатата пејачка и водителка Адријана Алачки и овој пат успеа да привлече внимание, и тоа со само една фотографија.
Имено, Алачки позираше помеѓу своите колеги, Благоја Грујовски и Спасен Сиљаноски, а оваа тројка никого не остави рамнодушен.
Фотографијата е направена во студиото каде што се снима „Везилка“ која Алачки долго време ја водеше со Благоја, а потоа на негово место дојде Сиљаноски, кој одлично се снајде во оваа улога.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Но Алачки овој пат привлече внимание и со изборот на модните детали што ги избра за оваа посебна пригода.
Таа носеше фустан во виолетова нијанса со кој совршено го истакна нејзиното тело, а го зачини со нејзината препознатлива насмевка, шик фризура и елегантни црни салонки со високи потпетици.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Нејзините чевли со впечатливиот детаљ беа полн погодок за ова издание, како и елегантниот фустан што го носеше.
Но подеднакво впечатливо како стајлингот беше и нејзиното расположение, кое и од авион се познаваше.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Таа блескаше и не ја тргаше насмевката, а токму заради позитивната енергија со која што зрачи многумина и ја обожаваат оваа жена и се нестрпливи повторно да ја гледаат во новите емисии.
Потсетуваме, Адријана често знае да привлече внимание и на социјалните мрежи со своите интересни модни приказни.
Инстаграм/ Адријана Алачки
И на секое нејзино издание публиката реагира позитивно, а водителката од еден детаљ во текот на летото не се одвојуваше.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Станува збор за шеширите кои оваа наша дама очигледно ги има во сите варијанти во своите плакари.
Па така таа неодамна и со својата колешка ги изненади сите кога и двете на снимањето се појавија со овој детаљ на главата.
Како изгледаа, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Адријана Алачки
Па, кое од овие неколку изданија на Алачки ви се допаѓа најмногу?