Ваков подарок секоја жена би посакала – и Боки 13 се изненади многу, ова го остави без зборови
Боки славеше роденден, па се пофали со преубавиот подарок на кој секој дама би му завидувала

Преубави подароци…
Познатиот македонски шоумен Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, го прослави својот 39-ти роденден.
По тој повод тој сподели и неколку подароци што ги доби од своите фанови и пријатели, а една од нив е и една икона.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Боки се пофали и со тортата што ја доби од свои драги пријатели, а фотките што ги објави никого не оставија рамнодушен.
Посебно претставничките на понежниот пол бидејќи едно вакво изненадување би оставило без зборови секоја жена.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Имено, тортата што ја доби Боки беше во форма на чанта и тоа од еден од омилените брендови на познатите дами.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Потсетуваме, Бојан Јовановски познат и како Боки 13 уште со свето прво појавување на телевизија стана вистинска сензација.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Облечен во женска гардероба и со својот импозантен стас едноставно не можеше да помине незабележано, а по некое време стана познат и препознатлив и надвор од Македонија.
Инстаграм/ Бојан Јовановски
Тој во еден момент од животот реши да направи радикална промена – ослабна драстично и го смени својот имиџ.
Но Боки и денес привлекува внимание со начинот на кој се облекува, носејќи ги најскапите модни парчиња, па некои од неговите најдобри изданија од последно време, погледнете во продолжение..