Новости

Вака се почитува мајка – Билјана Јаневска најсреќна на роденденот на Даница (Фото)

Секогаш полна со позитивност, ведрина и пријатни изненадувања, Билјана овојпат ни раскажа за еден посебен настан - за роденденот на мама Даница која наполни 70 години. 

Advertisement

Билјана Јаневска, поранешна успешна манекенка, речиси четири години работи во депонија „Дрисла“, а сега е на работно место еколог.

Секогаш полна со позитивност, ведрина и пријатни изненадувања, Билјана овојпат ни раскажа за еден посебен настан – за роденденот на мама Даница која наполни 70 години.

Advertisement

Својот роденденски јубилеј, Даница го направила во своја режија.

фото-приватна архива

„Сакаше за роденденот да не однесе надвор од Скопје, па одлучи тоа да биде во Куманово, во гостилница „Кај баба Цана“. Овој роденден бидејќи е јубилеен одзема малку поголемо внимание, ненаспаност и возбуда, затоа што мое беше украсувањето, балоните, тортата од Делиција… За жал времето малку не ни се погоди, но таков е март. Сè може да се очекува. Мајка ми прослави со најблиските, со тие што ги сака“ – ни раскажува шармантната Билјана.

фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива
фото-приватна архива

Госпоѓа Даница за свечената пригода одбра виолетова модна комбинација во која блесна покажувајќи  елеганцијата и стил. За совршената, а дискретна шминка, се погрижи мејк-ап артистката со волшебни раце Маја Гечовска Тошевска.

Advertisement

А за нејзината убавина – веќе сме сигурни од кого Билјана ги наследила убавите гени.

Среќен роденден и од нас!

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button