Наши ѕвезди

Вака Лила го прослави роденденот над облаците – а потоа ја чека, уште поголема убавина!

Водителката со серија фотографии се огласи од авион.

Advertisement

Колку години наполни Лила? Ај погодете! И да сте погодиле, не ви се верува, нели? Зашто изгледа барем десетина години помлада и се уште е неверојатно згодна.

фото- фејсбук/Лила Стојановска

Пред два дена, 15 октомври, Лила наполни 54 години, а денес „летна“ кон една преубава дестинација. Станува збор за роденденски подарок, но за подарокот да биде комплетен – почнал од вип ложата на скопскиот аеродром, па продолжува во авион, и на крај следува најубавото – Бразил.

Advertisement

Водителката со серија фотографии се огласи од авион.

фото- фејсбук/Лила Стојановска

„Она кога роденденот го славиш меѓу облаците“, напиша Лила и убаво објасни – „Овој роденден беше специјален роденден. Започна во мојот омилен прајм клас офишел на скопскиот аеродром а продолжи во авионот на Туркиш ерлајнс кои овој пат не носат во Бразил“, потоа се заблагодари на Мими за изненадувањето што ѝ го приготвила.

Advertisement

„Благодарна сум на сѐ што имам и на сѐ што сум, на Бог, семејството, пријателите , соработниците.
Научив дека мојот живот е само мој живот, другите можат да одат со мене ама не можат да одат за мене.
Посакувам само здравје и на себе и на вас кои го читаат ова…. И да, што повеќе патувања низ светот нови предизвици и уживање во животот затоа што единствено со патувањето, потрошените пари те прават уште побогат“ – додаде згодната водителка.

фото- фејсбук/Лила Стојановска

За патувањето, Лила одбра црна кожена модна комбинација и предимензионирани очила за сонце што ја прави исклучително сексапилна. На видеото се гледа како стјуардеса ѝ носи роденденско изненадување – чоколадна торта украсена со овошки и шампањ. Се останата е уште послатко од тортата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button