Наши ѕвезди

Вака изгледаше нашата пејачка порано, нема шанси да ја препознаете – и денес се вртат сите по неа!

Многумина гледаат и не веруваат

Advertisement

Ќе се изненадите како изгледала некогаш

Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова од бракот со Јасмин Курузовиќ има две ќерки, Селена и Емили.

Advertisement

Таа веќе со години е присутна на нашата музика сцена, а својата кариера ја започна со групата „Пицикато“.

Фејсбук/ Сузана Гавазова

Пејачката уште на самиот почеток од кариерата покажа дека има харизма со која ја освојува својата публика.

Advertisement

Неколку години подоцна Гавазова ќе продолжи со својата соло кариера, по што следуваат и бројни турнеи низ светот.

Фејсбук/ Сузана Гавазова

На една од овие турнеи, во Шведска, Сузана ќе го запознае својот иден сопруг Јасмин, со кого по кратка врска ќе се венчаат.

Фејсбук/ Сузана Гавазова

Првиот настап на Гавазова

Покрај својата соло кариера, таа и денес често настапува и со разни бендови, а како изгледаше нејзиниот прв настап, погледнете тука.

Кариерата со „Пицикато“ ја започнува во 1998 година, додека со соло кариерата продолжува од 2004 година.

Фејсбук/ Сузана Гавазова

Гавазова пред 10 години

Познатата фолк-пејачка веќе со години работи на себе, така што денес важи за една од најбараните пејачки во Македонија.

Таа со текот на годините често го менувала и имиџот, а како изгледала и пред десетина години, со шишки, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Сузана Гавазова

Ретко кој би ја препознал во ова издание, нели?

Сузана Гавазова и Стефан Лазаров

Денес малкумина се сеќаваат дека Гавазова пред повеќе години сними песна и спот во кој се појавува јутуберот Стефан Лазаров.

Принтскрин/ Јутуб

Станува збор за песната „Опасна за око“, а згодниот манекен што се појавува во спотот е на сите добро познатиот јутубер.

Фејсбук/ Сузана Гавазова

Гавазова на 19 години

Потсетуваме, Сузана Гавазова овој декември ќе го прослави својот 46-ти роденден, а на сцената се појави во 90-те. Таа е родена на 21 декември 1979 година, а потекнува од струмичкото село Сушица.

Фејсбук/ Сузана Гавазова

Нејзин прв настап беше на Фолк-фест Валандово со песната „Ако, ако, нека, нека“ која што ја изведе со групата Пицикато.

Таа тогаш имаше само 19 години и беше позната и како Сузе Пицикато, а како изгледаше, погледнете во продолжение:

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button