Вака изгледа синот и убавата снаа на Џими Мицевски – музичарот има и внукичка со преубаво име
Весело семејство...
Познатиот музичар Џими Мицевски својот приватен живот отсекогаш го криел далеку од очите на јавноста.
Тој иако долго време беше во брак со познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска, со која ја доби ќерката Моника, за нивниот приватен живот многу малку се знаеше. И покрај тоа што постојано беа присутни во медиумите како дел од еден од најпознатите фолк-состави во Македонија, „Молика“, тие и двајцата нивната приватност секогаш ја чуваа далеку од љубопитните погледи на јавноста.
И токму од овие причини малкумина знаат дека Џими од првиот брак има и син кој тргна по неговите стапки.
Фејсбук/ Марио Мицевски
Станува збор за музичарот Марио Мицевски, фронтмен во групата „Молика јуниор“ која се оформи пред 10-на години.
Фејсбук/ Марио Мицевски
Но тој веќе одамна не е јуниор, туку порасна и комотно може да го замени татко му, а многумина велат и дека си личат.
Фејсбук/ Марио Мицевски
Потсетуваме, Марио во 2020 ги изненади своите следбеници кога откри дека ја побарал раката на својата сакана Тина Филиповска.
Фејсбук/ Тина Филиповска-Мицевска
Интересно е и тоа што и таа долго време настапуваше со „Молика јуниор“, а овој романтичен потег се случи на едно од најубавите места во Македонија – манастирот Св. Наум покрај Охридско Езеро.
Како изгледа наследникот на познатиот музичар, но и неговата сакана со која на Џими му ја подарија внуката Бојана, погледнете од фотографиите што ви се дадени во галеријата..
Фејсбук/ Тина Филиповска-Мицевска
Фејсбук/ Тина Филиповска-Мицевски
Бонус видео
Новото руво на „Молика“