Наши ѕвезди

Вака изгледа сестрата на Сузана Гавазова – исплива стара фотографија, нивната сличност ги изненади сите

Нејзината сестра, за разлика од популарната фолк-пејачка, не сека премногу да се експонира во јавноста

Advertisement

Таа е еден од нејзините идоли

Пејачката Сузана Гавазова која е во брак со Јасмин Курузовиќ, со кого има две ќерки, има и сестра која и е голема поддршка.

Advertisement

Сузана и нејзината сестра и физички личат, а ова во една пригода го забележаа и нејзините верни обожаватели.

Инстаграм

Имено, Гавазова неодамна сподели снимка на која е и нејзината сестра Катарина, со која и денес се мошне поврзани.

Пејачката тогаш беше излезена во еден ресторан, а покрај неа беше и нејзината убава сестра, со која таа и запеа тогаш.

Инстаграм

Тие седеа на една маса, додека музичарите беа покрај нив и им свиреа, а ова видео сведочи колку тие се среќни заедно и колку се блиски.

Инстаграм

Потсетуваме, Гавазова веќе долги години е во брак со Јасмин Курузовиќ, а круна на нивната љубов се ќерките Емили и Селена.

И како што самата Гавазова во една пригода откри за Гламур (повеќе за ова тука), нејзиниот сопруг е воедно и нејзиниот најдобар пријател. Ова кажува многу за нивната љубов, но пејачката тогаш исто така откри и дека нејзини идоли во животот се токму нејзините мајка и сестра, што доволно зборува за тоа колку пејачката е поврзана со нив.

Инстаграм

„Мојата мајка и мојата сестра, Тие се моите идоли“, одговори емотивно Гавазова во една пригода за Гламур магазин

Целото интервју со неа прочитајте го тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button