Наши ѕвезди

Вака изгледа сега поранешниот сопруг на Тања Џамбазова – бракот им траеше само неколку дена (видео)

„Не сум мажена, никој не ме сакаше“, вели во шега таа.

Advertisement

Татјана Џамбазова, сестрата на генијалниот Игор Џамбазов, речиси цели три децении живее далеку од Македонија.

Но и покрај тоа што е со километри далеку од својот роден крај, Татјана и денес е мошне поврзана со својот брат, а Игор многу пати истакнувал дека неговата сестра му е најважната жена во животот.

Advertisement

Впрочем тоа го спомена и неодамна, на нејзиниот роденден, кога сподели емотивна честитка со која ѝ ја стопли душата.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Откако си отидоа Анче и Ацо, таа ми е и мајка и татко, и другар и ортак, и лекар и банкар“, напиша тогаш Игор.

Advertisement

Неколку дена подоцна, неговата сестра се врти во Македонија, па беше гостинка во подкастот на Стефан Лазаров.

Принтскрин/ Јутуб, С. Лазаров

Таа беше потполно искрена и откри зошто нема деца (види тука), но и еден детаљ од нејзиниот живот што малкумина го знаеја.

Имено, Татјана сподели дека порано била мажена за српскиот актер Горан Шушљиќ, но и дека бракот им траел само шест дена.

Принтскрин/ Јутуб, С. Лазаров

„Во животот сум имала неколку убави врски. Еднаш бев мажена, шест дена, за Горан Шушљиќ, кој што е еден од најуспешните српски глумци., вели Џамбазова“, па откри и други „пикантерии“.

„Прекрасен човек, многу талентиран, Епа добро де, се заљуби во глумицата во првата претстава што ја играше“, вели Тања.

Принтскрин/ Јутуб, С. Лазаров

„Се шегувам. Сето тоа беше малку комплицирано, Србија тогаш беше во најтешкиот период, јас се вратив од Виена… Ние сме се уште супер другарчиња, и многу ми е драго за успехот, ја знам и жена му… Направивме и свадба, во Виена. Ама он дојде, само за свадбата, и потоа се врати, снимаше филм, си имаше претстава, и јас, додека дојдов, нешто се случило… Во претставата.. и така, вели Џамбазова, па го додаде и следново:

„Не фер е да кажам дека тоа е само негов проблем затоа што мене ми беше многу тешко во Белград во тоа време, Прво кога стигнав, дојдов со ауто и двете мачки, и сите работи што ги поседував во животот, возев од Виена. Се качив горе за да му кажам дека сум тука, да ги земе работите, се симнав долу, автомобилот ми беше украден, со сé што имав во животот“, открива Тања во интервјуто, па објасни што се случило понатаму и зошто решила да си замине од Белград.

Инстаграм/ Игор Џамбазов

„Тоа беше белградска мафија, која што чека на влезот во Белград, гледа странска регистрација, и на тебе додека ти текне, ти го снемува автомобилот“, вели Џамбазова.

Таа потоа раскажа и како некој пријател и кажал дека знае агенција која наоѓа украдени автомобили, а всушност биле истите, само што требало да им даде неколку илјади германски марки.

И откако ги платила парите, автомобилот не и бил вратен, а овие неколку дена во Белград и биле најтешките во животот.

Овој дел од интервјуто погледнете го во продолжение:

Потсетуваме, Горан Шушлиќ повеќе од две децении е во брак со пијанистката Ирена Дечермиќ и имаат двајца синови кои се посвоени.

Тој се има појавено во бројни претстави, серии и филмови, а како изгледа денес, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Горан Шушљиќ

Инстаграм/ Горан Шушљиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button