Вака изгледа раскошниот стан во кој живее Агнеса – гламурозните детали оставаат без здив (фото)
Ова е рајот во кој ужива со најблиските, но и со своите домашни миленици

Нејзиниот стан изгледа поприлично отмено
Големиот стан на Агнеса Органџиева изгледа поприлично отмено, особено заради деталите што му даваат посебен шмек.
Од фотографиите што Агнеса понекогаш знае да ги направи и во својот стан, може да видиме дека познатата русокоса внимавала на секој детаљ, па така покрај модните комбинации што ги носи и со кои привлекува внимание, таа ги воодушевува сите и со својот дом.
Па така оние што редовно ја следат на Инстаграм повеќе пати досега имале прилика да ѕирнат во нејзиното гнездо.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Таа откако се разведе во својот стан живее со своите ќерки, а друштво им прават и нивните домашни миленици.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Посебно внимание привлекува змијата, односно кралскиот питон Раја, за која Агнеса вели дека е кралицата во нејзиниот дом.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Осветлен простор и раскошни детали
Од објавите на Агнеса може да видиме дека на прво место и е удобноста, па станот изгледа просторно и поприлично осветлено.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Секоја просторија зрачи со топлина и семејна атмосфера, а гламурозните детали му даваат посебен шмек на целиот простор.
Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Тука се бројни полици со најразлични украси, уметнички слики и украсени ѕидови кои му даваат раскош на просторот, а интересните детали како вазни и разно-разни ситници во разни бои ја разбиваат монотонијата.
Како сето тоа изглед, погледнете во продолжение…