Вака изгледа кога македонската кралица на бакшишот ќе се расположи и ќе почне да лепи пари на музичарите
Среќна слава, домаќинке!
Популарната пејачка вредно работи, но знае и како да се забавува
Пејачката Марија Тодоровска, позната како Марија Луиса, вчера во нејзиниот семеен дом ја прослави нивната куќна слава.
Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку снимки од кои може да се види богатата славска трпеза, но и како се забавуваат гостите.
Имено, пејачката покани и музичари, па во еден момент понесена од атмосферата се качи на столовите и почна да танцува.
Инстаграм/ Марија Луиса
И кога музичарите со песна ја погодија во душа, Марија го извади паричникот и почна да им лепи пари на своите колеги.
Инстаграм/ Марија Луиса
Интересно е и тоа што ова е еден од ретките случаи да ја видиме пејачката која е позната и како „македонската кралица на бакшишот“ во едно вакво издание. Но таа покажа дека нема змии во џебовите и цело време им даваше бакшиш на музичарите, а видеото што го сподели веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Марија Луиса
Потсетуваме, Марија е препознатлива по својот провокативен стил, но за оваа пригода беше закопчана од глава до пети.
Инстаграм/ Марија Луиса
Таа носеше тесни црни фармерки и црна ролка, но изгледаше поприлично занесно и за едно вакво кежуал издание.
Инстаграм/ Марија Луиса
Инаку, пејачката само еден ден претходно заедно со своето семејство го прославија и 92 роденден на нејзината баба, која и покрај сериозниот број на години се уште се држи одлично и е поприлично витална, а секојдневно работи и во својата бавча.
Повеќе за ова прочитајте тука…