Вагите се личности кои имаат многу шарм. Тие се свесни за емоциите и чувствата на луѓето околу нив и имаат одлична перцепција. Не сакаат површни личности и такви со груби однесувања. Без оглед на својот шарм, сепак, Вагите тешко изговараат НЕ, и затоа честопати може да се најдат во стресни ситуации.
Тие се многу чувствителни кога се во прашање луѓето околу нив и тоа ги прави одлични пријатели. Дури и кога се расправаат со некого, нивната харизма и добрина секогаш им помагаат да ги разрешат работите. На Вагите им е потребно многу за да се налутат, но кога ќе дојдете до таа точка, веќе никогаш нема да ве гледаат со исти очи.
Вагите сакаат со сето свое срце. Ако сте доволно среќни да ја заслужите нивната љубов, знајте дека срцето секогаш ќе ви биде во топли прегратки. Сакаат партнерот да знае колку ги ценат малите гестови. Љубовта на Вагите е најголема и таква никаде нема да сретнете.
Овие личности ќе ги препознаете на прв поглед. Прекрасни се и тоа е со причина. Со нив владее Венера која е божица на убавината и љубовта. Вагите се богати со љубов и одвнатре и однатвор. Уживаат во поседување убави работи и се гордеат со она што го стекнале. Немаат намера да се извинуваат поради тоа што обожаваат убави работи во животот!