Реклама
Нега и здравје

Лекарите предупредуваат дека „дизајнирањето на вагините“ може да ги уништи гениталиите

Реклама

Козметичките третмани, депилациите со кои жените го менуваат изгледот на гениталиите и се попопуларната лабиопластија, естетски хируршки зафат со кој се менува изгледот на вулвата – само за кратко ги „усреќуваат“ жените.

Претставничките на понежниот пол кои ќе се одлучат за вакви третмани, според последните истражувања на една група австралиски научници, подоцна се соочуваат со сериозни здравствени проблеми.

Маркетинг

Лабиопластијата претставува промена на изгледот на вулвата и е трета по ред во изведените естетски операции.

„Порастот на гениталните естетски зафати е загрижувачки тренд. За овие зафати не постојат некои здравствени причини, туку тие едноставно се дел од желбата да се биде поинаков“ – вели авторот на студијата Клер Мран од Универитетот Квинсленд со објаснување дека многу често доаѓа до забуни во врска со тоа како женското тело треба да изгледа.

Маркетинг

Реалноста всушност е таква што жените најчесто се збунети и немаат јасна перцепција како треба да им изгледаат одредени делови од телото, со и без влакна, во какви димензии..

Венеса Шик, коавтор на книгата „Читај ми од усните – комплетен водич за вулвата и вагината“ (англ. Read My Lips: A Complete Guide to the Vulva and Vagina) вели дека е важно да се разбере дали жените сакаат нивната вагина да изгледа нормално или да биде идеална.

„Доколку сакате да ја промените бојата на гениталиите, обликот или големината, бидејќи сметате дека нешто ви недостасува, морате да сфатите дека има многу различни модели и нема никаква потреба да се сака еднообразност“, – вели Шик.

Додека жените можат лесно, со одокативна метода, да видат како изгледаат градите, обемот на половината, колковите и задникот на другие жени и врз основа на тоа да сфатат што е модерно, прифатливо, кога се гениталиите во прашање, „сознанијата“ се многу осетливи и пред се скромни.

„Половина од нашите пациенти сакаат да направат операција бидејќи сакаат да ги намалат непријатностите во текот на односот, да ублажат некои сексуални дисфункции, кои всушност можат да ги решат со вежбање. Другите тоа го прават од естетски причини, вели хирургот Пол Банвел, од клиниката „Банвел“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button