Месец мај, покрај сите свои убавини кои ги носи, носи и позитивни финансиски вести за личностите родени во знакот Вага.
Влегувањето на Венера во знакот на Бик ќе ви донесе главоболки поврзани за финансиите, поради опозиција со Сатурн. Но, веќе од 10-ти мај Вагите ќе имаат шанси за повеќе извори на приходи. Затоа, драги Ваги, време е да поработите на подобрување на вашиот статус. Размислувајте каде би можеле да ја добиете потребната поддршка од другите луѓе и какви се вашите способности.
Парите ќе доаѓаат од некои невообичаени извори на кои и не сте помислувале. Исто така ова е период во кој ќе мора да работите дисциплинирано, упорно и истрајно. Би можеле да бидете уморни и оптеретени, па поради тоа може да дојдете до некој проблем.
Атмосферата на работното место ќе ви создава малку умор, а луѓето околу вас постојано ќе имаат некакви барања. Сепак, потсетете се дека резултатите доаѓаат со многу вложувања и напор. Од 20 мај повеќето планети ќе се преселат во знакот Близнаци и ќе ви пружат поддршка. Ова значи дека од тој момент полесно ќе ги реализирате своите планови, а отпорот кој го носи околината и луѓето ќе се сведи на минимум.
Што се однесува до здравјето, лошите навики мора да ги оставите зад вас, а да започнете со создавање добри навики. Важно е да имате редовен одмор и ред во секојдневните активности.