Како што покажува и симболиката на овој знак, на Вагите во животот најважен им е балансот и тоа на секое поле.
Без разлика дали се работи за емотивен, деловен или духовен живот, Вагите секогаш тежнеат да постигнат рамнотежа. Тие се одлични пријатели, а особено совршени слушатели. Тие секогаш со задоволство ќе слушнат што имате да кажете, но по природа се неодлучни и тешко ќе го изберат вистинскиот совет за вас.
Познати се и како личности со одлична перцепција за животот, а притоа се многу талентирани. Секогаш се опкружени со прекрасни луѓе и постојано бараат љубов и внимание, при што повремено можат да се изгубат. Нив понекогаш е тешко да ги разберете, затоа што низ патеките на животот чекорат со „розови наочари“, но кога ќе ги погледнете ќе забележите дека тие зрачат со позитивна енергија која добро влијае на сите околу нив.