Веќе неколку дена како хороскопски навлеговме во знакот на Вага, знакот кој ќе доминира во наредните месец дена со светот на зодијакот…
Вагите се друштвени, кооперативни, мирољубиви, понекогаш наметливи, секогаш со уметничка црта во себе, дипломатски настроени, толерантни, помалку егоцентрични, кои обраќаат големо внимание на сопствениот физички изглед и социјалниот статус и покажуваат грижа за општото добро.
Вагата е еден од најконтрадикторните знакови во зодијакот. Сакаат да му се претставуваат на светот во една боја, а всушност може да бидат сосема спротивни од тоа. Тие можат да бидат врвни политичари и најголеми лажговци, најголема дама и жена со најнизок морал, нивните реакции се тотално непредвидливи. Желбата за доминација и префинетост, земањето на најдоброто од животот, ги прави многу прилагодливи. Затоа што Вагите знаат што е добро, а што лошо, што смеат, а што не смеат да прават, но никогаш не се знае како ќе постапат.
Машките Ваги секогаш имаат потреба да бидат известени за сé, посебно за оние работи кои директно се однесуваат на неговиот интерес и работите кои го засегаат, па дури и за работи кои се од општо значење. Кога ќе запознаете претставник на овој знак и помислите дека е неодолив, затоа што е шармантен, љубезен, комуникативен, духовит и пријатен, секогаш имајте на ум дека тоа е само една страна од нивниот карактер. Интимно тој има впечаток дека секогаш мора да балансира помеѓу она што го мисли и чувствува, помеѓу своите и туѓите потреби, ставови, затоа што е неодлучен, иако остава сосема спротивен впечаток на смирена личност која знае што сака.
Вагите обично се личности со голем број на пријатели и познаници од кои секогаш дознава нешто кое што би можело да му биде од помош. Но не смеете да мислите дека токму поради таквиот ментален склоп, Вагите се тешки и во љубовта. Нив треба само да ги прифатите како личности на кои не можете да сметате, затоа што едноставно тие не можат да сметаат ни на самите себе! Денес мисли едно нешто, утре сосема друго.
Во работата внесуваат многу емоции, а во љубовта знаат да бидат остри, дистанцирани, ладни, но и посесивни – ова посебно се однесува на женските Ваги. Тие спаѓаат во оние жени кои ’мораат‘ да имаат некого, секако љубовен партнер, но доколку не ги задоволува нивните критериуми, попрво ќе се одлучат за осаменост отколку да бидат со било кого.
Машките Ваги пак многу често знаат да бидат подобри како другари, пријатели, додворувачи, отколку како љубовници или сопрузи, затоа што тие немаат енергија за некоја подолга врска, освен ако покрај себе немаат некоја навистина моќна жена, која им е потпора во сé во животот. Машката Вага е најдобар избор за жени кои не очекуваат премногу од љубовта, бракот, кои и самите се површни.
Две Ваги одлично се слагаат и можат да бидат идеални партнери еден на друг, затоа што најважно им е да блескаат во друштвото.
Професии кои најмногу му одговараат на овој хороскопски знак се сопственици на златари, актери, сликари, професии поврзани со естрадата, политичари, адвокати, новинари…
Како и кај секој друг знак и Вагата има свои забележителни претставници во светот на познатите и славните кои имаат успеано карактеристиките и особините за кои говоревме погоре, совршено да ги искористат и од нив да го извадат максимумот за да го постигнат она што го сакаат. Помеѓу ваквите познати Ваги се наоѓаат: Маргарет Тачер, Гвинет Палтроу, Кетрин Данев, Наоми Вотс, Моника Белучи, Махатма Ганди, Ниче, Оскар Вајлд, Франц Лист, Клајв Овен, Роџер Мур, Лучијано Павароти…