Новости

В сабота Македонија ќе биде центар на светската танцова сцена – Стејџ ни носи над 1 600 деца и млади танчери од 12 држави

Настанот ќе се одржи на 8 ноември 2026 година, на двете сцени на Националната опера и балет, со перформанси кои ќе траат цел ден, од 9 до 22 часот.

Advertisement

На 8 ноември (сабота), Скопје повторно ќе пулсира во ритамот на таноцт, уметноста и младешката енергија. Интернационалниот Танцов натпревар STAGE 2026 ќе го обедини светот на сцената на Националната опера и балет, каде над 1 600 деца и млади танчери од 12 држави ќе го претстават својот талент, креативност и љубов кон танцот.

фото приватна архива

Проектот има амбициозна визија: промовирање и развој на танцовата уметност во Македонија преку спој на натпреварување, едукација и меѓународна соработка. Фокусот е ставен на младите таленти од 5 до 35 години, со цел не само да се унапредат нивните вештини, туку и да се поттикне инклузивноста, културната размена и локалниот економски развој.

Advertisement

„Преку танцот, децата од целиот свет учат да ја разберат и почитуваат културата, да создаваат пријателства и да ја негуваат љубовта кон сцената. Со секое издание, СТЕЈЏ станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија како земја на култура, талент и инспирација,“ истакнува Тамара Ѓурчиновска, организатор и уметнички директор на натпреварот.

Во рамките на проектот се планираат повеќе од шест мастер-класи и работилници со познати меѓународни кореографи, каде учесниците ќе имаат можност да стекнат нови техники и сценски искуства.

На сцената ќе оживеат различни танцови стилови, од класичен и современ балет, преку џез и модерн, до хип-хоп и народен танц, акробатски и шоу танци, во различни категории, како соло, дует или група. Ќе биде овозможено запознавање со техники, развој на стил и размена со врсници. Визијата е да се инспирираат генерации, градејќи кариери и достигнувајќи професионални стандарди.

фото приватна архива

Настанот има силна културна и туристичка димензија. Се очекува присуство на голем број гости што ќе донесе значителни економски придобивки за локалните хотели, ресторани и туристички услуги. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат македонските културни знаменитости, фолклорот и традицијата, што го претвора Скопје во центар на меѓународна уметничка енергија.

Очекуваните резултати на проектот вклучуваат зголемено учество на млади таленти, создавање мрежа на уметници и професионалци, повисоки стандарди во танцовата индустрија и промоција на Македонија како регионален лидер во сценската уметност. Со тоа, СТЕЈЏ не е само натпревар, туку прераснува во платформа за развој, едукација и културна дипломатија.

Настанот ќе се одржи на 8 ноември 2026 година, на двете сцени на Националната опера и балет, со перформанси кои ќе траат цел ден, од 9 до 22 часот.

СТЕЈЏ промовира разновидност преку танцот, обединувајќи учесници во заеднички јазик на движење и емоции, создава мостови меѓу генерации и култури, надминувајќи уметноста за социјална поврзаност. А, секако, ќе се создадат и нови партнерства меѓу танчери, кореографи и професионалци за долгорочни соработки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button