Ужас на Санторини – драматично свлечиште ги избезуми туристите и жителите на популарниот остров (Видео)
Локалните експерти велат дека комбинацијата од сеизмичка активност и прекумерна градба на објекти ја ослабнале чувствителната почва, правејќи ја областа подложна на свлечишта.

Свлечиште го погоди селото Имеровигли на островот Санторини, покривајќи со прав неколку објекти и предизвикувајќи паника кај туристите кои ја набљудуваа случката. Голем број на туристи го напуштија островот поради страв од нова катастрофа.
Настанот се случи само шест месеци по серијата земјотреси што го погодија островот, при што беа регистрирани над 20.000 потреси во текот на јануари и февруари.
Локалните експерти велат дека комбинацијата од сеизмичка активност и прекумерна градба на објекти ја ослабнале чувствителната почва, правејќи ја областа подложна на свлечишта.
Еден дел од теренот бил особено погоден од изградбата на нов објект.
Професорите по геологија предупредуваат дека неконтролираната градба во стрмни подрачја го зголемува ризикот од уривања, особено при чести сеизмички потреси.
Грчката влада предвидела средства за итни патишта и превентивни мерки, но ризикот останува висок и за жителите и за туристите.