Утро со музика, но секогаш „Осамен“ – Давид Темелков искрено откри како го започнува денот?!

Македонскиот поп-пејач Давид Темелков деновиве официјално го претстави својот нов албум, кој на 11 ноември излезе во продажба и почна да се ротира во етерот.
Како што истакна тој за „Музика24“, станува збор за проект создаден со голема посветеност, љубов и искреност, секоја песна постои во две верзии, на македонски и на хрватски јазик, и носи дел од неговото срце и душа.
-Секој тон, секој стих носи дел од мене. Има љубовни песни, поемотивни, ритмични … различни се, но сите се искрени. Не калкулирав, овој албум е направен „од срце за срце“, вели Темелков.
Но, покрај новиот албум, Давид откри и што го инспирирало како уметник уште од најраните денови. Кога зборува за своите музички симпатии, тој искрено признава дека секое утро се буди со песната „Осамен“ на Трајче Манев.
-Имам многу омилени песни, не знам дали би можел да одвојам една … Но морам да бидам искрен, го обожавам Трајче Манев, секое утро постојано си ја потпевнувам песната „Осамен“. Оваа песна, особено кога бев дете и ги доживував првите љубови, ми беше химна за тие моменти, се присетува Темелков за „Музика24“.
Токму таа љубов кон искрената македонска музика се гледа и во новиот албум, секоја песна е лична и создадена со внимателно вложена емоција. Новиот албум е доказ дека музиката за Давид Темелков секогаш е будно чувство – искрена, топла и создадена од срце, за да допре до срцата на слушателите.



