Реклама
BEAUTYНега и здравје

Утринска навика која ќе ве освежи и подмлади

Реклама

Многумина денот не можат да го започнат без шолја кафе. Тој магичен црн напиток го прави совршено вашето утро и ви помага целосно да се разбудите и да добиете дополнителна доза енергија. Меѓутоа, кафето може да биде и нешто повеќе од пијалак. Постојат различни начини на кои можете да го искористите, а меѓу нив е и ефикасното лечење и освежување на проблематичната кожа. За тоа се заслужни антиоксидансите, кои кафето ги има во изобилство.

За разлика од другите производи, кафето е природен пилинг кој ефикасно ќе ја исчисти вашата кожа и длабоко ќе навлезе во вашите пори. Нема потреба да трошите пари на скапи производи за нега на лицето, затоа што со оваа маска ќе постигнете еднакво ефикасни резултати. За нејзина подготовка потребни ви се две состојки: Кафе и млеко. Ви препорачуваме да користите млеко со помал процент на маснотии.

Маркетинг

Начин на подготовка: 

Измешајте ги овие две состојки додека целосно не се соединат. Добиената паста нанесете ја на лицето. Како и кај другите маски, избегнувајте го пределот околу очите. Оставете ја да делува околу 20 минути, па на крај измијте ја со топла вода. Вака ќе бидете подготвени да го започнете вашиот ден дополнително освежени и подмладени!

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button