Хороскоп

Утре светителот ќе ги услиша молитвите на оние што ќе го направат ова – го славиме покровителот на семејната слога и братството

Свети апостол Јаков е застапник на праведноста и смирението и молитвен застапник за мир и благодат во домот.

Advertisement

Православните верници денес го слават Свети апостол Јаков, брат Господов, еден од апостолите, познат по својата праведност, смиреност и силна вера. Тој е наречен „брат Господов“ затоа што бил син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица, и затоа што од детството му бил исклучително посветен на Господ Исус Христос.

принтскрин јутјуб

Кога Јосиф бил на смртна постела, го поделил своето наследство меѓу синовите, а дел сакал да остави и на Исус. Сите браќа се спротивставиле, освен Јаков, кој изјавил дека ќе го сподели својот дел со Христа. Поради тоа, тој останал запаметен како вистински брат Господов, не само по крв, туку и по дух.

Advertisement

Според преданието, Јаков живеел многу воздржано, не вкусувал ни маст ниту масло, туку живеел само од леб и вода. По Воскресението, Христос лично му се јавил, а Јаков потоа бил првиот епископ во Ерусалим, каде со мудрост и ревност управувал со Црквата цели три децении. Тој ја составил и првата литургија, која подоцна била скратена од светите отци Василиј Велики и Јован Златоуст.

Пo Свoeтo вoскрeсeниe, Гoспoд Исус нeму му сe јавил пoсeбнo, какo штo свeдoчи св. ап. Павлe.

принтскрин јутјуб

Свети Јаков особено ги предупредувал богатите да бидат смирени, зашто, како што рекол, „ќе минат како цвет од трева што свенува кога ќе огрее сонцето“.

Тој потсетувал дека Бог ги избрал „сиромасите од овој свет“ за да бидат богати со вера и наследници на Царството небесно. Неговите зборови и денес одекнуваат: „Нели богатите се тие што ве угнетуваат и ве влечат по судови?“

Тој ги укорувал оние што се насладувале во изобилие, предупредувајќи дека ќе дојдат нивните маки, дека нивното богатство ќе иструли, облеката ќе ја изедат молци, а златото и среброто ќе зарѓаат.

принтскрин јутјуб

И самите Евреи се восхитувале на неговата праведност и го нарекувале Јаков Праведниот. Но кога првосвештеник станал Анан, тој со другите старешини решил да го убие апостолот како Христов проповедник. На Пасха, кога Ерусалим бил преполн со народ, му наредиле да се искачи на покривот на храмот и да зборува против Христа. Наместо тоа, Јаков започнал да сведочи дека Христос е Синот Божји и вистински Месија. Разјарените свештеници го турнале од покривот, а тој, тешко повреден, се молел на колена: „Прости им, Господи, зашто не знаат што прават.“ Потоа бил убиен со удар во главата, завршувајќи го својот живот како маченик на 63-годишна возраст.

Во народното предание, утрешниот ден се смета за време кога треба да се покаже милосрдие и човечност. Верниците се потсетуваат да помогнат на некој кој е во неволја со збор, со храна или со какво било добро дело.

Се верува дека свети апостол Јаков, милостив и праведен, ќе ги услиши молитвите на секој што на овој ден ќе ги покаже своите христијански доблести.

Нека неговиот пример ни биде потсетник дека вистинското богатство не се мери со злато, туку со вера, смирение и љубов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button