Шопинг

Утре се отвора нов шопинг центар на 10 илјади метри квадратни – од Армани и Гучи до Џамбо и Дјути фри

Создаден со инвестиција од 10 милиони евра од „Монополист Инвест“, Молот носи нова енергија и дополнителни можности за градот и околината, обезбедувајќи модерен амбиент и многу опции на едно место кој извесно е дека ќе стане омилена дестинација за сите што бараат шопинг и забавa.

Advertisement

Гевгелија добива своја шопинг оаза, Гевгелија Мол, место каде стилот, брендовите и незаборавните моменти се спојуваат, создавајќи шопинг искуство и доживувања за сите вкусови, дури и за најпребирливите.

Лоциран на само неколку минути од граничниот премин Богородица, центарот ги отвора своите врати оваа сабота (13.12.2025) во 12 часот и ве очекува да го почувствувате модерниот амбиент каде секој шопинг момент се надополнува со забава и пријатни мигови на релаксација.

Advertisement

Отворањето ќе биде празник само по себе – со многу изненадувања и забава за најмладите со Дедо Мраз, интерактивни игри и анимации, за музичкиот дел ќе се погрижат два диџеја, ќе настапат и Лара Иванова и Trinity Band, а преку отворено студио на Радио Урбан ФМ, енергијата на настанот ќе се пренесува во живо.

Гевгелија Мол се наоѓа на само 200 метри од автопатот Е-75, на површина од 10.000 m², со впечатлива модерна архитектура и внимателно дизајнирани продавници кои создаваат атмосфера што веднаш плени, правејќи го секој чекор уживање, а секој момент незаборавен.

Молот нуди за секого по нешто, најголемото „Jumbo“ во Македонија, Duty Free / Travel Free продавница, ексклузивен Amore Mio – Luxury Brands Outlet со повеќе од 25 светски луксузни брендови, па така посетителите ќе можат да се подноват со парчиња од Armani, Balmain, Balenciaga, Gucci, Burberry, Pinko, Boss, Dsquared2, Dolce & Gabbana, Givenchy, Versace, Valentino, Michael Kors, Off-White, Moschino и многу други. Свој простор имаат и SOHO кафуле и M Outlet, кои дополнително ќе ја збогатат понудата на центарот, а љубителите на слатките задоволства ќе можат да уживаат и во Marfi macarons, како и во деликатесите на Vori од Гевгелија.

Покрај модните брендови, во Гевгелија Мол се наоѓаат и VERO, спортските брендови Champion, Diadora и FILA, The Book Shop – книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит, како и игротека и забавен парк за најмладите.

Специјално место во Молот зазема и SOHO Coffee house – бренд со врвен квалитет на кафе и атмосфера што брзо станува омилена на посетителите, каде секој може да направи пауза или да ужива во пријатен момент.

Со отворањето на Гевгелија Мол, регионот добива нов центар за возбудлив шопинг и за најпребирливите, место за прошетки, средби, практични набавки, забава за најмладите, за инспиративни моменти за сите вкусови и генерации.

Создаден со инвестиција од 10 милиони евра од „Монополист Инвест“, Молот носи нова енергија и дополнителни можности за градот и околината, обезбедувајќи модерен амбиент и многу опции на едно место кој извесно е дека ќе стане омилена дестинација за сите што бараат шопинг и забавa.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button