Огласи
Хороскоп

Утре се Младенци – моќна молитва за вечна љубов, наместо прослава

Утре се Младенци – што значи овој празник?

advertisement
advert

Младенци се празнува секоја година на 22 март во чест на Светите четириесет маченици од Севастија, кои загинале заради својата христијанска вера. Според преданието, тие биле фрлени во замрзнато езеро, но Божјата милост се покажала преку чудесна светлина и венци кои се спуштиле врз нив.

фото пекселс

Овој празник е особено значаен за младите брачни парови кои стапиле во брак во изминатата година. Тие на овој ден ги примаат своите најблиски во домот, а традицијата налага подготовка на посни колачи, познати како „младенчиња“. Обично се прават 40, во чест на мачениците, а еден повеќе се додава за идното дете во семејството.

Младенци спаѓа во црковните празници кои секогаш се чествуваат, но поради големата трагедија која се случи во Македонија, но и бидејќи паѓаат во периодот на Велигденскиот пост, чествувањето треба да биде скромно и во согласност со црковните канони.

реклама

Во денови на жалост, традиционалното собирање треба да изостане, или да биде поспокојно. Наместо тоа, младенците можат да го одбележат празникот со молитва, посна трпеза и изговарање на молитвата за љубов и верност.

принтскрин јутјуб

Обичаи и верувања

Младенци се паѓаат во време на Велигденскиот пост, па храната што се подготвува треба да биде посна.

Според народното верување, каков ќе биде овој ден за младите сопружници, таков ќе им биде и брачниот живот – исполнет со среќа и хармонија или со предизвици и искушенија.

Марpкетинг

Во минатото, на овој ден сите кои присуствувале на свадбата на младенците доаѓале во нивниот дом и им носеле подароци што ќе им помогнат во брачниот живот. Денес, овој обичај е поедноставен, но сепак, најблиските роднини и пријатели ги посетуваат младите брачни парови за да им ја изразат својата поддршка и желби за среќен брак.

Светите маченици – заштитници на љубовта и верноста

Светите четириесет маченици се сметаат за заштитници на младите брачни парови, љубовта и верноста. Нивната жртва е потсетник дека во секој заеднички живот има предизвици, но со вера, трпение и меѓусебна поддршка, тие можат да се надминат.

принтскрин јутјуб

Молитва кон Светите маченици

„Свети четириесет маченици, заштитници на љубовта и верноста, молете се за нас пред Господа, дарувајќи ни мир, разбирање и благослов во животот.

Чувајте ги младите брачни парови и подарете им среќа, љубов и благодат. Амин.“

принтскрин

Младенци останува празник што ја симболизира љубовта, заедништвото и почетокот на новото поглавје во животот на младите сопружници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button