Утре направете го ова за мир во домот и сила во животот – ја славиме големата светителка заштитничка на ќерките
Ја славиме застапничката за помирување меѓу родители и деца.

На 8 октомври се слави споменот на света преподобна Ефросинија Александриска, христијанска подвижничка и светителка која е вброена во редот на преподобните.

Света Ефросинија била ќерка на богат и благочестив граѓанин на Александрија по име Пафнутиј, кој по долги молитви ја добил како Божји дар. Воспитана во христијанска вера, Ефросинија уште од мала чувствувала силен повик кон духовен живот.
Кога наполнила осумнаесет години, родителите ѝ нашле богат младоженец, но таа не сакала да се мажи, нејзиното срце било веќе предадено на Христос. Бидејќи не успеала да ги убеди своите родители да го откажат венчавањето, се преоблекла во машка облека, го зела името Измарагд (Смарагд) и заминала во манастир, каде се претставила како евнух во служба на царот Теодосиј.
Игуменот ја примил во братството, не знаејќи дека е жена, и ја доверил на духовниот отец Агипит.

Во манастирот, Ефросинија (како Измарагд) живеела во молитва, пост и смирение цели дваесет години, и никој не ја открил нејзината тајна. Сите монаси ја ценеле како пример на тивка мудрост и духовна чистота.
Средба со таткото
Кога имала триесет и осум години, во манастирот дошол нејзиниот татко Пафнутиј, тажен поради исчезнувањето на својата единствена ќерка. Игуменот го испратил кај Измарагд, познат по духовната мудрост, за да добие утеха.
Во разговорот, Пафнутиј не ја препознал, но Ефросинија го познала него. Го слушала неговото плачење и копнежот по изгубената ќерка. Длабоко погодена, му рекла:
„Не губи надеж – наскоро ќе ја видиш својата ќерка.“
Таткото се вратил по три дена и го затекнал Измарагд на смртничка постела. Тогаш таа му ја открила вистината:
„Јас сум твојата ќерка Ефросинија… За љубов кон Господ ја оставив славата на светот.“
Потресен, Пафнутиј плачел над својата ќерка, која токму во тој миг го предала својот дух на Бога.
По нејзината смрт, и самиот Пафнутиј се замонашил во истата келија каде што живеела неговата ќерка. Таму поминал уште десет години во молитва и тишина, по што се упокоил и бил погребан во истиот гроб со неа.

Што треба да напрвите на денот на Ефросинија
На гробот на светата Ефросинија и нејзиниот татко, низ вековите доаѓале многу верници особено болни и обесхрабрени, барајќи исцеление и духовен мир. Преданието вели дека оние што се молат со чисто срце добиваат сила, надеж и внатрешен мир.

Во некои православни преданија, 8 октомври (25 септември по стар стил) се смета за ден кога:
жените не треба да се огледуваат во огледало, во знак на смиреност и одрекување од суетата;
татковците и ќерките треба да се помират, да се гушнат или да разменат мал дар, како симбол на љубов и простување.
Светицата денес се смета за застапничка за помирување меѓу родители и деца, чуварка на женската мудрост и внатрешна сила.
Ликот на света Ефросинија низ годините инспирирала бројни икони, песни, драми и дури и балетски претстави.