Утре направете го ова дома за здравје, исцеление и благодат – ги славиме светите лекари и чудотворци Козма и Дамјан
Утрешниот празник се смета за ден и на медицинскиот персонал и лекарите, но и како ден во кој се најсилни молитвите за оздравување.

Утре, 14 ноември, православната црква го слави денот на Светите Врачи, Светите браќа Козма и Дамјан, кои според христијанското предание биле лекари и чудотворци.

Тие целиот свој живот го посветиле на лекување на болни, никогаш не примајќи пари за своите услуги, поради што народот ги нарекува Бесребреници.
Advertisement
Светите Врачи не правеле разлика меѓу луѓето по вера или националност, туку едно барале – името на Христос да се почитува и да не се изговара залудно. Затоа, утрешниот празник се смета за ден и на медицинскиот персонал и лекарите, но и како ден во кој се најсилни молитвите за оздравување.

Многу цркви и манастири носат нивно име, а на иконите и фреските, најчесто, Светите Козма и Дамјан се прикажуваат во средновековни облеки, со ковчежиња во кои носеле лекови.
Народното верување вели дека овој ден е особено поволен за молитви за оздравување. Болни лица се заветуваат дека ќе го почитуваат празникот и ќе ја принесат благодарноста на генерации доколку оздрават.
Се верува и дека на овој ден не треба да се работат тешки физички работи, особено на голема висина, ниту да се излегува без потреба од дома. Покрај тоа, овој празник се смета за заштита од удари на гром.

Има и еден моќен обичај за задравје во домот: Според народното предание, на денот на Светите Врачи во домот се остава мала чинија со мед и мали ливчиња од билки – мајчина душица или жалфија – за да ја привлечат благодатта на Светите Врачи и да донесат здравје и лековита сила на членовите на семејството.
Секако, на овој ден, православните верници ги слават Светите Врачи со молитва, благодарност и почит, со надеж дека нивното посредување ќе донесе здравје и сила за целата година.



