Вести

Утре го славиме големиот духовен учител – треба да направите едно нешто за простување на гревот

Преподобен Јован Касијан е заштитник на монасите, духовната мудрост и борбата против страстите.

На 14 март го славиме Преподобен Јован Касијан, еден од најзначајните духовни учители на Истокот и Западот. Роден во Рим од угледни родители, Јован Касијан го посветил својот живот на проучување на Светото Писмо, монашкиот живот и духовните добродетели. Неговите дела и учења имаат огромно влијание врз христијанското монаштво и аскетска традиција.

На што е заштитник?

Преподобен Јован Касијан се смета за заштитник на:

Реклама

На монасите и духовните подвижници

Борбата против осумте главни страсти (гордост, среброљубие, блуд, гнев, тага, очајување, суета и лакомост)

Духовната мудрост и просветлување

Маркетинг

Тие што се стремат кон аскетски и праведен живот.

Што треба да се направи на денот на свети Јован Касијан за среќа и благослов?

Запишете една лоша навика и стремете се кон нејзино напуштање – Според верувањата, ако на овој ден се одлучите да се ослободите од една лоша навика (на пример, гнев, завист, мрзеливост, кознумирање цигари или алкохол), тогаш ќе имате сила и поддршка од светителот да ја победите! 

Молитва кон свети Јован Касијан

О, свети оче Јован Касијан, подвижнику на верата и учителу на духовната мудрост,

Ти кој со своето учење нè вдахновуваш кон добродетелен живот,

Моли се за нас пред престолот на Севишниот,

Да се очистат срцата наши од страстите и да се укрепиме во верата.

Помогни ни да ги победиме искушенијата,

Да ја најдеме вистинската духовна светлина

И да одиме по патот на спасението.

По твоите свети молитви,

Нека Господ ни дарува мир, љубов и мудрост. Амин!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button