Вести

Утре е Тодорова сабота, домаќинките треба да направат еден рецепт за среќа во семејството

Тодорова сабота останува еден од најмистичните и најинтересните празници во православната традиција, исполнет со верувања, ритуали и обичаи што се пренесуваат низ генерации.

Advertisement

Тодорова сабота е православен празник кој секогаш паѓа во првата сабота од Великиот пост. Овој ден е посветен на Свети Теодор Тирон, големомаченик кој живеел во 4-тиот век. Неговите мошти се чуваат во манастирот Хопово на Фрушка Гора.

Интересно е што Свети Теодор бил првиот заштитник на Венеција, пред оваа улога да ја преземе Свети Марко.

Advertisement

Верувања и традиции

Според народните верувања, на Тодорова сабота се слуша тропотот на митски суштества – половина луѓе, половина коњи, предводени од Големиот Тодор. Ако некој излезе од дома по зајдисонце, го очекува несреќа. Се верувало дека Свети Теодор, како ноќен јавач на коњ, може да донесе болести и лудило.

Свети Теодор се смета за заштитник на добитокот и особено на коњите.

Во одредени краишта, Свети Теодор се слави како исцелител од епилепсија. Се верува дека на овој ден првпат излегуваат змиите од зимскиот сон. Според едно старо предание, некогаш Свети Теодор владеел со змии што имале нозе. Кога почнале да касаат луѓе, им ги одзел нозете и ги научил луѓето како да се заштитат од нив.

Advertisement

Што се прави, а што не се смее да се прави на овој ден?

На Тодорова сабота, православните верници кои постеле цела недела се причестуваат. Во минатото, пекарскиот еснаф го празнувал овој ден како свој празник.

Според народните обичаи, во Македонија се подготвува жито (коливо) како за крсна слава. Се пече и леб украсен со фигура на потковица.

Во некои села, во знак на заштита на добитокот и на семејството, се палело ѓубрето. Палењето на оган исто така се сметало за протерување на демоните и заштита од змии.

Жените на овој ден, според старите верувања, не треба да мијат коса, а во куќата не се пали оган, бидејќи се верува дека демоните ги привлекува чадот.

Рецепт за варена пченица (коливо) за Тодорова сабота

принтскрин јутјуб

Состојки:

500 г пченица

200 г шеќер

100 г мелени ореви

100 г суво грозје

1 ванилин шеќер

1 лажичка цимет

Шеќер во прав за поросување

Подготовка:

Пченицата се мие и се остава да отстои во вода неколку часа.

Се вари додека не омекне, а потоа се цеди и се меле или се толчи.

Се додаваат шеќерот, оревите, сувото грозје, ванилиниот шеќер и циметот, и добро се меша.

Смесата се сервира во чинија и се поросува со шеќер во прав.

Ова традиционално јадење може и да се однесе во црква за да се освети, а потоа се дели на блиските за благослов.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button