Утре е Ѓурѓиц, aко ги прекршите обичаите, се смета за голем грев и носи несреќа – а ова носи среќа и благослов
Православната црква утре го слави Ѓурѓиц, во спомен на преносот на моштите на свети великомаченик Георгиј во новиот храм.

Свети Георгиј, во народот познат како Свети Ѓорѓи, православните верници го слават двапати во годината.
Првата слава е Ѓурѓовден, напролет, на 6 мај (денот на неговото мачеништво под римскиот цар Диоклецијан). Втората е Ѓурѓиц, кој се слави како спомен на преносот на моштите на светецот од Никомидија (денешен Измир во Турција) во градот Лида во Палестина.
На православните икони и средновековни фрески, свети Георгиј е прикажан како јавач на коњ кој со крстаст меч или копје убива аждаја, симбол на незнабоштвото. Таа икона традиционално ја чуваат семејствата што го слават Ѓурѓовден.

Што не треба да правите на Ѓурѓиц:
Ништо не се изнесува од куќата – ни облека, ни храна, буквално ништо, зашто се верува дека оној кој ќе изнесе нешто од дома си ја изнесува среќата.
Не се преде волна, не се шие. Иглите треба да мируваат на овој ден, зашто се верува дека носат несреќа во домот.
Не се пере.
Кројачите и чевларите не работат.
Жените не извршуваат рачни работи.
На овој ден не се работи ништо што исцрпува. Тешките домашни работи, копањето, носењето товар сето тоа се остава настрана, бидејќи се верува дека ваквите работи носат замор и неред во домот.
На иконите за празникот Ѓурѓиц, светецот е прикажан како пешак, исправен, со копје или меч во раката. Во средновековните храмови е претставен во редот на свети воини, заедно со борците за христијанството, предводени од свети Архангел Михаил.
Иако Ѓурѓиц не е со црвена буква во православниот календар, празникот е многу почитуван меѓу верниците.
На што е заштитник Свети Ѓорѓи (Ѓурѓиц)?
Свети Ѓорѓи е заштитник на: војниците и борците, на храброста и победата над злото, на земјоделците и сточарите, на луѓето кои се борат со тешкотии и неправди но и заштитник од диви ѕверови (особено од волци, во народното верување).

Што да направите за среќа и благодат во домот
Православната традиција вели дека на деновите посветени на Свети Георгиј треба да се запали свеќа за заштита на домот, бидејќи тој е покровител на доброто и победата над злото. Мед задолжително треба да има на трпезата за слога и сладок живот. Медот ја симболизира Божјата благост и хармонија во домот.
Се препорачува дома да се внесе мало зимзелено гранче (смрека, чемпрес или бор), се верува дека зимзеленото гранче го чува домот од лоша енергија. А на Ѓурѓиц се внесува како симбол на живот, сила и издржливост, особини што се врзуваат со Свети Георгиј.
Според старите народни обичаи, на овој ден се внесува една монета во домот и се остава до иконата.
Ова привлекува пари и го „отвора патот“ за добивка но со чесна работа. Во некои региони паричката се става под тепих/ќилимче во близина на влезната врата зашто значи благослов и привлекува пари.
Жито или ориз во мала чинивка исто така (покрај медот) на трпезата носат заштита на домот.
Се верува дека житото привлекува изобилство и ја штити куќата од глад, немаштија и несогласувања.



