Реклама
Вести

Утре е голем ден: Го славиме светецот кој штити од болести – еве што треба да направите

Реклама

Утре е 24 октомври, според стар стил, и се слави Св. маченик Арета.

Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца.

Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно да ги истреби христијаните од својата земја, тој го опколи христијанскиот град Негран и најпрво им порача на граѓаните дека ако не се одречат од Христа сите ќе ги убие.

Маркетинг

Граѓаните ги затворија портите, па Дунаан безуспешно напаѓаше на градските ѕидини. Тогаш беззакониот кнез им се заколна на граѓаните дека нема да им направи ништо, само ако му ги отворат портите за да влезе и да го собере данокот што му го должеа, па потоа веднаш ќе се оддалечи.

Маркетинг

Христијаните поверуваа и ги отворија портите.

Тогаш кривоклетниот Евреин го повика кај себе старецот Арета со сите клирици и другите угледни граѓани и сите ги уби со меч. А потоа направи страшен колеж по градот. Кога слушна за ова византискиот цар Јустин многу се нажали и му напиша писмо на етиопскиот цар Елезвој да појде со војска против Дунаан и да ја одмазди невината христијанска крв.

Елезвој го послуша Јустин, удри со војска на омиритскиот кнез, го победи, му ја погуби целата војска, а него го уби со меч. За Омиритски кнез по Божјо откровение беше поставен некој побожен човек Аврамиј, а за архиепископ Омиритски, повторно по Божјо откровение – свети Григориј (се слави на 19 декември).

Христијаните во Негран го обновија храмот на Света Троица којшто Дунаан го беше изгорел и му подигнаа и посветија храм на светиот маченик Арета и на останатите Негрански маченици.

Пострадаа и примија маченички венци во 523 година.

Светиот маченичик Арета стана симбол на праведен владетел и водач кој останува со својот народ и во најтешките моменти.

„Со страдањата на Светите, кои настрадале за Тебе, исцели ги нашите болести, Те молиме“. Се верува дека ако искрено се кажат молитвите, помошта ќе пристигне и ќе се исполни секоја молитва.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button