MAMAДом и семејство

Утре е денот на Света Варвара – од овој ден внимавајте што правите до Божиќ, еден стар обичај се смета за клучен за среќа и бериќет

Народните верувања предупредуваат дека периодот до Божиќ има посебна духовна тежина.

Advertisement

Утре, на 17 декември, православните верници ја одбележуваат Света великомаченичка Варвара. Иако празникот не е со црвено во календарот, во народната традиција тој има силно и длабоко значење и е поврзан со обичаи што со векови се пренесуваат од генерација на генерација.

принтскрин јутјутб

Според верувањата, со овој ден започнува посебен период што трае до Божиќ, кога секој гест, збор и намера симболично го навестуваат текот на годината што доаѓа.

Обичај што не се прескокнува: утре се сади божиќната пченица

Едно од најраспространетите народни верувања вели дека божиќната пченица треба да се посее токму на денот на Света Варвара, за наредната година да биде плодна, бериќетна и мирна.

Advertisement

Пченицата се смета за симбол на животот, обновувањето и Божјиот благослов. Во многу домови се верува дека изгледот на пченицата до Божиќ е знак за тоа каква ќе биде годината – колку е погуста и позелена, толку се поголеми надежите за здравје и напредок.

Доколку не се посее утре, според обичајот, следна можност е на 19 декември, на празникот Свети Никола, но старите велат дека најсилната симболика е врзана токму за денот на светицата.

Се вари жито или коливо за здравје и семејна слога

Покрај сеењето пченица, во многу краишта се задржал обичајот да се вари жито,  познато и како пченица. Тоа се јаде на денот на Света Варвара и наредниот ден, на празникот Преподобен Сава Осветен (и Свети Нектариј Битолски).

Овој обичај се поврзува со желбата за здравје, долговечност и духовен мир во домот.

принтскрин јутјутб

Старо верување – од Света Варвара до Божиќ не се зборува за соништа

Нашите предци верувале дека од денот на Света Варвара па сè до Божиќ не е добро да се сонува (односно да се помнат соништата), а ако некој сепак го помни силниот сон, не треба да го раскажува ниту да го толкува.

Според народното верување, соништата во овој период имаат посебна тежина и можат да донесат немир ако се споделат.

Со Света Варвара, според старите, денот почнува да расте

Во народната традиција постои и верување дека од Света Варвара денот постепено почнува да се продолжува, а ноќите стануваат пократки. До Божиќ, денот симболично „победува“ над темнината, што се толкува како знак на надеж и нов почеток.

принтскрин јутјуб

Како правилно да се посее божиќната пченица

За оние што сакаат да го испочитуваат обичајот, пченицата најпрво се потопува во вода преку ноќ. Потоа се става во плитка чинија со малку земја или на влажна подлога, се распоредува рамномерно и лесно се покрива. Во средината обично се остава место за свеќа. Садот се чува на светло место, подалеку од директна топлина, и се навлажнува секојдневно со малку вода.

Света Варвара – заштитничка во тешки моменти

Света Варвара во православната традиција се почитува како заштитничка од ненадејна смрт, болести и несреќи. Затоа, многу верници утре го користат денот за молитва, тишина и желба за мир, здравје и заштита на семејството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button