NEWSВести

Утре е ден кога се открива патот до сродната душа, а вечерва внимавајте на соништата – ги славиме светците заштитници на чистата љубов

Овој ден народот го смета за посебен, ден кога небото е поблиску до човечкото срце, кога молитвите за љубов се слушаат „појасно“, а соништата често носат пораки.

Advertisement

Утре православните верници го празнуваат споменот на светите маченици Галактион и Епистима, свет пар чија љубов не била заснована на телесна привлечност, туку на длабока, тивка и возвишена поврзаност на душите.

Тие се симбол на чиста љубов, на духовно единство што го надминува времето, растојанијата и дури самата смрт. Затоа овој ден народот го смета за посебен, ден кога небото е поблиску до човечкото срце, кога молитвите за љубов се слушаат „појасно“, а соништата често носат пораки.

Advertisement

Житието на Галактион и Епистима почнува во градот Едеса, во пределите на денешен Либан и Сирија. Иако родени во семејства кои не ја прифаќале христијанската вера, нивните срца уште од детството биле наклонети кон духовност.

фото-пиксабеј

Галактион, по смртта на својата мајка, ја почувствувал внатрешната потреба да го избере повисокиот пат, оној што не води кон светски удобности, туку кон длабока смисла. Тоа го довело до средбата со младата Епистима, девојка која го носела истото копнеење – да го пронајде Бога и да живее по Неговата волја.

Нивната врска никогаш не била врзана за телесна близина. Се сакале со љубов што не бара допир, туку препознавање.

Епистима се крстила, а потоа двајцата, водени од внатрешен мир и јасна духовна насока, заминале во различни манастири на планината Пуфлион, Галактион во машкиот, Епистима во женскиот. Живееле разделени, но во ист Божји мир, поврзани со тивко чувство дека нивните души се една пред Бога. Така минале години, во кои не се виделе, но секој од нив бил светлина за околината: пример за нежност, трпение, вера и непоколеблива љубов.

Преданието вели дека бидејќи живееле „со исто срце“, исто и пострадале, заедно, во време на прогони.

Затоа народот верува дека овој ден има особена сила за сите што копнеат по сродна душа, за оние што сакаат да најдат вистинска љубов, но и за оние што ја загубиле и бараат знак, утеха или насока.

Постои едно старо верување дека вечерта пред празникот соништата стануваат „појасни“.

Се вели дека човек вечерва на сон може да ја види сликата на својата иднина, ликот на личноста што ќе влезе во неговиот живот или симбол што ќе му открие како да го најде својот пат до неа.

Ако некој ја бара сродната душа, преданието советува тивка молитва пред спиење, со искрена желба во срцето, без страв и без сомнеж.

Се смета дека Галактион и Епистима им помагаат на оние што сакаат љубов чиста и благословена, љубов што не повредува, туку гради.

Во сон, велат старите, може да се појави чувство наместо лик – чувство на мир, на препознавање, на топлина. Такви соништа се сметаат за добар знак, за најавување на нов почеток или враќање на некоја врска што е благословена да продолжи.

Во некои духовни текстови се споменува дека овој ден е „ден на небесната тишина“, кога молитвата полесно стигнува до светата помош. Се верува дека не е важно човек да бара конкретно лице, туку „она што е негово“ – душа која ќе му дава мир, а не немир.

Многу православни духовници истакнуваат дека човек ја привлекува сродната душа тогаш кога е внатрешно спремен: кога срцето е исцелено, кога умот не носи горчливи сеќавања и кога душата е подготвена да сака без страв.

фото-пекселс

Затоа токму вечерта пред празникот многумина се молат со зборовите:

„Маченици Твои, Господи, во страдањата свои го примија венецот на нераспадливоста од Тебе, Боже наш; имајќи ја Твојата помош, победиле над мачителите и ја разрушиле дрскоста на противникот. По нивните молитви спаси ги душите наши.“

18 ноември е ден за оние што бараат знак, за оние што копнеат по љубов, за оние што сакаат да разберат што им подготвува иднината. А вечерва, ако некој почувствува тивка топлина во срцето или ако во сон му се појави нешто што личи на светлина, насмевка или мир. народот вели дека тоа е благ знак. Тоа е повик да не се откажува од љубовта, туку да и оди во пресрет.

А кога човек ќе ја најде сродната душа, нема да ја препознае по зборови или изглед, туку по тоа што во нејзино присуство се чувствува како дома.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button