Хороскоп

Утре е денот кога не смеете да го погледнете небото пред изгрејсонце – а еве што мора да ставите под перница пред спиење вечерва

Се верува дека само оваа ноќ, небесата ги откриваат тајните. Една тивка молитва, едно бело перо – и одговорите доаѓаат во сон.

Advertisement

На 21 мај православната црква одбележува редок и силен духовен настан – Денот на Свети Јован Богослов, апостолот кој видел како ќе изгледа крајот на светот, и единствениот ученик кој бил до Христос на Крстот.

Овој ден, според православната традиција, носи и невидливо отворено небо, што значи – молитвите од срце се ислушани веднаш, а оние кои се изговорени во тишина, можат да добијат визија што го менува животот.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Но постои и нешто што никако не смее да се направи на 21 мај: не гледајте во небото пред изгрејсонце.

Според старите обичаи се верува дека токму тогаш ангелите „го запечатуваат небото“ и погледот нагоре, ако е исполнет со сомнеж, може да предизвика духовна затвореност – мачни соништа, тага, па дури и чувство на напуштеност.

Ставете перо под перница – и тивко замолете

Според старите верници, ноќта меѓу 20 и 21 мај има тајна моќ. Ако сакате водство, откровение, или лековна визија – ставете мало, бело перо од птица под перницата и легнете во тишина, без да кажете ниту збор.

Advertisement

Ноќта се смета за „отскочна точка” меѓу овој и небесниот свет, кога Јован ги слуша сите што не викаат – туку шепотат.

Моќната молитва која се шепоти само во себе

„Свети Јоване, кој ја виде Вистината со очи, кој љубеше и беше љубен, покажи ми го патот мој. Не со зборови, туку со знаци, во соништата мои – ти што ги виде небесата отворени, отвори го и моето срце. Амин.“

Оваа молитва не се изговара наглас – туку се мисли, веднаш пред спиење. Оној што ќе ја изговори со вистинско смирение, ќе добие одговор – но не секогаш веднаш. Понекогаш по три дена, понекогаш како чувство, понекогаш како неочекувана вест.

принтскрин јутјуб

Од што лекува правот од неговиот гроб

На 8 мај, според стариот календар (или 21 мај според новиот), над гробот на апостол Јован Богослов во Ефес секоја година се крева „прашина од благодат“, што монасите ја собирале и ја давале на болни од тешки болести. Овој прав, кој мириса на темјан и вино, лекувал и лекува– според сведоштвата – нервни растројства, слепило, болки во срцето и несоница.

Заштитник на оние што љубат, но страдаат

Јован не е само евангелист. Тој е заштитник на сите што љубат, но не се сакани, на вдовици, тажни срца, и на оние што молчат во болката.

Во некои манастири, монасите во текот на ноќта меѓу 20 и 21 мај оставаат чаша со вода на прозорецот – веруваат дека првите зраци на сонцето што ќе паднат во водата ја претвораат во „светена светлина“, и таа вода се користи само при голема тага или духовна борба.

Ако сакате водство, мир или исцеление – не зборувајте многу утре. Одете во црква ако можете. Но најважно: навечер, без глас, со бело перо и срце отворено, замолете. Небото ќе го слушне она што не го кажувате.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button