Утре доаѓаат оргомни промени за три хороскопски знаци – Супермесечина ќе нѐ потресе сите
Оваа Супермесечина делува како запалка: придвижува, раздвижува, открива. Но, таа сила е најдобро искористена ако се комбинира со внимание на своите чувства, на своите потреби, на своите врски. За Бикот, Скорпијата и Близнаците ова е можност за скок напред, а за сите останати знаци шансa за освежување и преиспитување.

Во среда, на 5 ноември 2025 година, небото ќе биде сведок на најголемата „Супермесечина“ во оваа година. Односно, тоа е момент кога Месечината ќе биде на својата најблиска точка до Земјата, што ќе ја направи и визуелно поголема и посветла од вообичаено.
Во астролошки контекст, ваквите Супермесечини се сметаат за момент кога енергијата се засилува – емоциите се поинтензивни, интуицијата поактивна, а полесно можеме да се откажеме односно да се ослободиме од старите навики или блокади, па дури и од стари врски и токсични пријателства.
Оваа конкретна Супермесечина паѓа во знакот Бик, земјен, стабилен, сетилен знак кој владее со вредностите, задоволствата од животот и темелите кои ги градиме.
Тоа значи дека за одредени хороскопски знаци може да се активира значајна промена, исчистување на старата енергија и премин кон нова фаза.
Според астролозите, три хороскопски знаци ќе бидат под особено водство на оваа енергетска промена: Бик, Скорпија и Близнаци.
Во продолжение следува што да очекува секој од овие знаци и како најдобро да ја искористи енергијата на Супермесечината.
Бик – раскинувања
Под влијание на оваа Супермесечина во вашиот знак, Биковите ќе се соочат со момент на лична трансформација.
Енергијата ве поттикнува да ги преразгледате врските, како оние со другите, така и односите со себеси. Потребно е да ги поставите новите граници, да отпуштите стари верувања и да ја прифатите својата автентична сила.
На професионален план, ова е период во кој трпеливоста ќе се исплати, не брзајте, туку градете сигурност.
Во приватниот живот, осега е вистински момент да обрнете внимание на задоволствата што навистина ви даваат радост, а не само на материјалното.
Скорпија – момент на вистина
Скорпиите ќе бидат водени кон подлабока емоционална состојба. Под оваа месечина во Бик, ќе чувствувате сила да ги ослободите контролите, да се поврзете искрено со другите и да ги истакнете оние аспекти од себе што биле скриени.
Во љубовните и партнерските врски може да настанат моменти на вистина – време е да зборувате, да се претставите и да изградите здрави фундаментални врски, но можно е и откривање на лаги и измами.
На креативен или духовен план, пуштете ја својата интуиција да ве води.
Близнаци – избистрени цели
Близнаците ќе ги почувствуваат резонантните импулси на оваа Месечина преку менталните и комуникациските канали. Стабилната енергија на Бик му дава на вашиот ум можност да се избистри, да се фокусира и да се организира. Затоа ова е време кога треба да ги поставите целите за иднина, и тоа сигурно во овој период ќе го направите на здрави нозе и остварливи!
Можеби ќе почувствувате потреба да се откажете сосема од старите навики, да почнете нови рутини и да се дистанцирате од неплодните разговори. Ова е период кога плановите кои стоеле во место добиваат поттик, погледнете каде сакате да бидете и како ќе стигнете таму!
 


