Рецепти

Успева „од прва“ и на почетници – посна славска погача за Свети Никола, една состојка ја прави посебно вкусна

Лесен рецепт кој им успева и на почетници.

Advertisement

Во пресрет на празникот Свети Никола, кој се празнува на 19 декември (петок), ви носиме рецепт за посна славска погача која успева и на почетници.

Овој рецепт е едноставен, а малку лимонова кора во тестото ѝ дава на погачата уште подобар вкус.

Advertisement

Потребно:

1500 г брашно тип 400

1 пакување свеж квасец

500 мл млака вода

8 г сол

30 мл масло

1 лажичка шеќер + 60 г шеќер

малку рендана лимонова кора

За украсниот дел:

8 г сол (прстофат сол)

150 мл вода

260 г брашно

За премачкување:

15 г шеќер

125 мл вода

принтскрин јутјуб

Начин на подготовка:

Во млака вода (100 мл) ставете квасец и лажичка шеќер, промешајте и оставете 5-10 минути да се активира квасецот.

Во друга чинија ставете брашно, додадете активиран квасец и постепено додавајте ја остатокот од млаката вода. Додадете сол, шеќер, масло и лимонова кора.

Замесете тесто за погачата додека не стане еластично, па покриено оставете го да нарасне додека да се удвои обемот.

Премесете го тестото, одвојте 2/3 и направете голема топка која ќе ја ставите во плех посипан со брашно. Од остатокот направете помали топчиња и наредете ги околу големата топка.

Измешајте шеќер со вода и премачкајте ја погачата.

Во друга чинија измешајте сол и брашно, постепено додавајте вода додека не добиете цврсто тесто. Направете две ленти, па од нив сплетете плетенка.

Направете и втора плетенка и поставете ги двете во облик на крст на погачата.

принтскрин јутјуб

Од остатокот тесто направете украси со калапи или модли. Премачкајте ги со вода и шеќер и нанесете ги на погачата.

Печете на 180 степени околу 60 минути.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button