NEWSВести

Успешна спасувачка акција: Извлечени две лица што со автомобил заглавиле во надојдената вода на Пчиња

Advertisement

Поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ (Територијалната противпожарна единица) Старо Нагоричане утрово во 07:35 часот интервенираше за спасување на две заглавени лица.

Интервенцијата се случила по повик од 112, а лицата биле заглавени во близина на бањата во село Стрновац, Општина Старо Нагоричане. Единицата интервенирала со едно возило и двајца пожарникари.

Advertisement

Поради опасноста од излевање на реката, се апелира до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат секакво движење и активности по течението на река Пчиња.

Состојбата во државата по обилните врнежи од дожд е стабилна, согласно последните информации од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се во рамки на нормалата, со благо покачување, информира директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Регистрирани се следните појави и преземени активности:

• Одрон на патниот правец Битола – Прилеп, кај с. Лознани. Известени: МВР ПС Битола и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта – подружница Битола.

• Одрон од голем камен на патниот правец Ресен – Охрид, кај Буково. Известени: МВР ПС Ресен и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

• Поплавен објект (фарма) во с. Породин, Општина Битола. Известен: Началникот на штабот за заштита и спасување при Општина Битола.

• Поплавена визба на ул. 24 бр. 10 во Битола.

• Одрон на патниот правец с. Близанско – Македонски Брод, во должина од околу 15 метри. Известено: ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта. Надлежните служби се координирани и активно постапуваат на терен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button