Реклама
Celebrity

Уште една тужба за сексуално злоставување за оскаровецот, неговиот брат изнесува мрачни тајни – „татко ми беше неонацист и педофил“

Американскиот оскаровец Кевин Спејси се соочува со нова тужба за сексуално злоставување на маж.

Реклама

Нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење, против оскаровецот Кевин Спејси вчера беше поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар Олд Вик, каде Спејси работел како уметнички директор од 2003 година, но детали за тужбата не се достапни.

Портпаролот на адвокатската канцеларија на тужителот потврди дека тужбата е поднесена.

Маркетинг

Спејси, кој се соочува со уште една тужба за сексуален напад во Лондон, не одговори на барањето за коментар, пренесува Ројтерс.

Спејси (65), кој доби Оскар за улогите во „Американска убавица“ и „Дежурни виновници“, беше една од најголемите холивудски ѕвезди пред да биде првпат обвинет за сексуален напад во 2017 година, по што беше отпуштен од серијата „„House of Cards”.

Маркетинг

Шокантни детали од детството

За време на претходните судења, глумецот откри шокантни детали за неговото воспитување, во кое главна фигура бил неговиот татко, со тврдења дека ги злоставувал него и неговиот брат.

„Мојот татко веруваше во надмоќта на белата раса и беше неонацист. Со часови ги слушав неговите убедувања. Никогаш за тоа не сум зборувал“, вели тој, а пренесува Дејли бист.

Овие тврдења беа поткрепени со изјавите на неговиот брат Ренди Фаулер, кој вели дека самиот Кевин станал како „чудовиштето што нив ги злоставувало“.

Кевин, како што тврди неговиот брат, бил злоставуван од неговиот татко. И тоа, прво ќе го претрпел, но подоцна Кевин почнал да ужива, пред самиот да стане чудовиште, барем така тврди неговиот брат.

Ренди Фаулер се појави на подкаст во Детроит, неколку часа откако Спејси беше на суд во Масачусетс под обвинение во 2019 година.

Отуѓениот постар брат на Кевин тврди дека и двајцата биле сексуално малтретирани од нивниот татко за време на нивното детство. Ренди вели дека успеал да избега од тоа на рана возраст, но очигледно, Кевин не успеал. Тој исто така тврди дека Кевин со години останал во семејниот дом и дека наводно станал како нивниот татко, кого Ренди го нарекува „чудовиште“.

Оскаровецот во минатото призна дека се борел јавно да излезе како геј поради расистичките, хомофобичните и антисемитските ставови на неговиот татко.

„Пораснав во многу комплицирана семејна динамика“, рече тој, според VanityFair.

Тој исто така рече дека додека растел, неговото семејство често се селило, бидејќи татко му често останувал без работа. Тој рече дека бил „исплашен како дете“ и „принуден да ги слуша“ расистичките лекции на неговиот татко, што му оневозможувало да донесе пријатели во куќата. Кога му рекол на својот татко дека сака да стане актер, татко му одговорил: „Не биди пи**а“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button