CelebrityНаши ѕвезди

Уште еден македонски град се претвори во новогодишна бајка – ѕвездено небо и елка во центарот! (фото)

Advertisement

Празничниот дух полека се буди низ Македонија, а градовите еден по еден се претвораат во вистински зимски бајки. По магичните декорации во Крива Паланка и Штип, кои деновиве привлекоа огромно внимание поради впечатливите светлечки инсталации, празничниот сјај пристигна и во Велес.

Градот блесна во новогодишно руво, откако дрвјата долж централните улици се обвиени со илјадници светилки, пешачките патеки добија ефект на „ѕвездено небо“, додека украсните панделки и поставената елка ја комплетираат празничната сцена.

Advertisement

Декорацијата во Велес доаѓа во период кога жителите низ целата држава со нетрпение ја очекуваат празничната сезона. Додека во Скопје засега е украсен само еден потесен дел од центарот, останатите македонски градови забрзано работат да создадат празнична атмосфера што ќе ги развесели граѓаните и ќе донесе повеќе оптимизам пред новогодишните денови.

По впечатливите примери на Крива Паланка и Штип, кои годинава се истакнаа како едни од најубаво декорираните места во земјата, Велес се приклучи на листата градови што веќе официјално ја најавија празничната магија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button